Заев, новиот мандатар:
Објавено на од во НАВИГАТОР

Zaev mandatar WEBГарантираме за унитарноста на Македонија

Иако Уставот дава рок од 20 дена за предлог за влада по врачувањето на мандатот, мандатарот Заев рече дека очекува оти новата влада што ја најави како „влада на сите граѓани, во правна и правична држава, во општество на сите што почнуваме да го градиме“, ќе се формира веќе за десетина дена

 

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во средата, непосредно пред затворањето на овој текст, му го врачи мандатот за состав на Влада на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Соопштението дека претседателот ќе му го додели мандатот на Заев, од кабинетот на Иванов го испратија неполн час пред настанот, додека медиумите сѐ уште имаа дилеми дали ќе заврши „пинг-понг партијата со гаранциите“, пред шефот на државата да отпатува во Виена, па во Москва.

Иванов во изјавата пред врачувањето рече дека се отстранети пречките за доделување на мандатот за формирање Влада, односно оти се обезбедени гаранциите што ги бараше за зачувување на унитарноста на државата и почитувањето на Уставот.

„Пречките за доделување мандат за состав на Влада на Република Македонија се отстранети. Денеска пристапуваме кон исполнување на член 84 алинеја 1 од Уставот на Република Македонија за определување на мандатар за состав на Влада на Република Македонија. Коалицијата предводена од СДСМ која има мнозинство во Собранието на Република Македонија го предложи г. Зоран Заев да биде кандидат кому ќе му биде доверен мандатот за состав на влада на Република Македонија“, рече Иванов.

Заев се заблагодари и посочи дека се отстранети двете пречки за доделување на мандатот, со тоа што претседателот на Собранието, Талат Џафери, испрати писмо до претседателот Иванов, а тој (Заев) како мандатар во име на парламентарното мнозинство испорачал изјава во форма на гаранција.

Лидерот на СДСМ ја прочита и изјавата во која се содржани гаранциите.

„Прво, гарантираме заштита на унитарноста, суверенитетот, територијалниот интегритет, независноста и мултиетничноста на Република Македонија. Гарантираме заштита на уставниот поредок и територијалната целина на Република Македонија. Гарантираме заштита на државните интереси и унапредување на животот на сите граѓани без оглед на етничката, религиската и јазичната припадност. Гарантираме дека процесот на носење на одлуките за граѓаните на Република Македонија ќе биде во согласност со основните демократски принципи и владеење на правото, не доведувајќи ја Република Македонија во положба на потчинетост или зависност спрема друга држава. Ниту еден документ, платформа, декларација, акт или дејствие кое е спротивно на горенаведените ставови не може да биде услов ниту основа за формирање и дејствување на владата на Република Македонија“, наведе Заев во изјавата при доделувањето на мандатот.

Заев, според Уставот, во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието треба да му поднесе програма и да го предложи составот на Владата.  Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Актуелното парламентарно мнозинство во 120-членото Собрание на Македонија има поддршка од 67 пратеници од СДСМ, ДУИ, БЕСА и Алијансата на Албанците.

Заев во изјава откако го доби мандатот од Иванов порача дека сепак очекува формирање на владата за помалку од 20 дена, односно за десет или помалку денови.

„Преку помирување и подадени раце, ве повикувам сите, бидејќи сме потребни кон овој процес, иднината на нашите деца е во прашање, затоа испраќам порака, да ги оставиме изолацијата, омразата, деструктивните политики кои ни ги уништија животот. Новата влада ќе биде влада на сите граѓани, ќе создадеме правна и правична држава на сите граѓани, почнуваме да градиме општество на сите граѓани“, нагласи тој.

Веднаш по врачувањето на мандатот за составување влада, дојде заедничката изјава на Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, и на еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан. Тие очекуваат брзо формирање на влада посветена на реформите.

„Ја поздравуваме одлуката на претседателот Иванов да му го даде мандатот за формирање влада на господинот Заев, како важен чекор во процесот на формирање на влада. Се надеваме дека овој конструктивен дух ќе продолжи да преовладува, така што земјата ќе може конечно да излезе од политичката криза. Сега очекуваме брзо формирање на влада која ќе биде посветена на спроведувањето на сите делови од договорот Пржино и Итните реформски приоритети“, се вели во соопштението на Хан и Могерини.

Двајцата во име на ЕУ повикаа и на сплотеност на партиите во враќањето на Македонија на евро-атлантскиот пат и изразија подготвеност да ја поддржат навата влада предводена од Заев.

„Ги повикуваме сите парламентарни партии да ги остават нивните поделби настрана и да работат заедно на заедничката агенда за реформи, за земјата да се врати назад на патот на евроатланската интеграција. Тоа е она што го луѓето сакаат и го заслужуваат. Ние сме подготвени да ја поддржиме новата влада во нејзините реформски напори“, потенцираат Хан и Могерини.

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×