(Фото галерија) Заев: Среќни работници носат поголем профит, а фирмите плаќаат поголеми даноци!
Објавено на од во Компании

SSK ZaevПремиерот Зоран Заев вели дека не очекува долгот на државата кон стопанството да биде поголем од 700 милиони евра.
“Сè уште се прават анализи. Стигнавме до ставка од 400 милиони евра. Сепак, не очекуваме долгот на државата кон бизнис-заедницата да надмине 700 милиони евра”, изјави Заев, пред средбата со бизнисмените од Сојузот на стопански комори.

Реформа на инспекциските служби, сузбивање на сивата економија и учество на деловната заедница во креирањето на економските политики, се трите клучни барања што Сојузот на стопанските комори (ССК) му ги испорача денеска на деловен појадок на владиниот економски тим предводен од премиерот Зоран Заев.

ССК пред Владата претстави пакет од 75 мерки кои, како што изјави претседателката на Сојузот Данела Арсовска, се во насока на спроведување на структурните реформи и подобрување на инвестициската клима и деловното опкружување во земјава.

“Пакетот мерки е структуриран во неколку категории, а секоја мерка е утврдена врз основа на соодветна анализа, позитивни деловни практики и компаративни искуства”, истакна Арсовска.
Според неа, од особено значење за бизнис заедницата е ефикасноста на администрацијата на централно и локално ниво.
Арсовска укажа и дека ако економските мерки што ги предлага стопанството се имплементираат во целост, ќе се обезбеди повисока стапка на раст на долг рок.
Премиерот Заев, пред деловниот појадок порача дека владиниот тим е отворен за соработка и сака да ги слушне барањата, сугестиите и предлозите на бизнис заедницата.

“Тука сме да ги слушнеме барањата и потребите на бизнис секторот. Промените и креирањето на политиките ќе се движат во насоките што ги даваат деловните луѓе”, изјави Заев.

Негова клучна порака е компаниите да се грижат и да водат сметка за работниците. “Среќни работници носат поголем профит, а фирмите плаќаат поголеми даноци. Верувам дека тоа е моделот што треба да го развиваме”, нагласи Заев.

Прашан за работата на инспекциските служби, Заев рече дека нивната главна функција ќе биде превентивна, односно дека пред сè ќе издаваат предупредувачки мерки, наместо да казнуваат како што досега било практика.

На деловниот појадок присуствуваат повеќе од 200 компании, ресорни министри, амбасадори, претседатели на комори..

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×