Заев: Очекувам само позитивни перспективи од денешната средба Димитров-Коѕиас
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Премиерот Зоран Заев има позитивни очекувања од денешната средба на министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, на која, како што истакна, се очекува посебно внимание да се посвети на зголемување на мерките за доверба помеѓу двете држави. Верува дека сѐ што е од интерес на двете земји во делот на надворешните работи ќе биде отворено како тема за разговор.

„Секоја средба е шанса за наоѓање решение за деблокирање на нашите процеси кон потполна интеграција во НАТО и во Европската унија. Знам дека секоја средба со пријателски мотиви може да ги доближи ставовите и да изнајдеме решение навистина оваа мала земја тука на Балканот, нашата Република Македонија, конечно после толку години да се приближи напред“, изјави Заев одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на конференција за предизвиците со неплатена работа и родова нееднаквост

Упатствата што министерот за надворешни работи ги добил од Владата и од Парламентот, наведе Заев, се слични на испратените во изминатите денови и верува дека во тој правец се отвораат и перспективи за разговори.

„Денеска се очекува посебно внимание да се посвети на зголемување на мерките за доверба помеѓу двете земји, да се интензивираат, и да се надеваме дека граѓаните ќе почувствуваат и поконкретни резултати. Верувам дека сето она што е од интерес на двете земји во делот на надворешните работи ќе биде отворено како тема за разговор. Навистина очекувам само позитивни перспективи од ваквите состаноци“, изјави Заев.

Премиерот рече дела има позитивни очекувања и од денешната расправа на Европскиот парламент за резолуцијата за Република Македонија, која се однесува на извештајот на Европската комисија за 2016 година, како и отстранување на условената препорака.

„Знаете дека имаме условена препорака, првиот логичен чекор е да се тргне условеноста на препораката, да опстои препораката, а наша желба е да почнеме преговори со ЕУ. Се надевам дека тоа ќе се придвижи брзо, секако тоа зависи од реформите, но и од нашите соседи, пред сѐ од Грција, но зависи, како што знаете, и од Бугарија, поради непотпишаниот договор во кој правец работиме, со цел час поскоро да може да се одблокираат ваквите процеси“, изјави Заев.

Амбиентот, како што укажа, е одличен и создава основни услови да испорачаме резултати и ние до ЕУ и Унијата до нас.

„Навистина бевме охрабрени од состаноците на кои присуствувавме, што секако значи обврски и тука во Македонија. Мораме да си помогнеме себеси, на нашата земја, на нашите граѓани, и да ѝ помогне на ЕУ за да ѝ помогне на Република Македонија“, рече Заев.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×