Заев: Одговорноста ја земам на себе, избори најбрзо што може
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, денеска на прес-конференција се обрати по повод заклучоците на Европскиот Совет.
ЅаевТој побара организирање на брзи предвремени избори на кои граѓаните ќе се изјаснат во кој правец треба да движи Северна Македонија. Премиерот се заблагодари на европските лидери кои се бореа Мекедонија да добие датум, но очигледно нерешените внатрашни работи во унијата се главната причина поради која не добивме датум.
 “Пред два дена во Брисел ни беше направена голема неправда. Европската Унија не го испорача тоа што ни го вети. Ние ги завршивме сите наши обврски. Испорачавме резултати во реформите, ги решивме споровите со соседите. А тие не си останаа на зборот и не испорачаа. Тоа што Европската Унија не успеа да донесе одлука за отворање преговори со нас е нивна историска грешка, и тоа го потврдија сите европски лидери. Ние направивме се што требаше и се што можевме. Денес, сакам јавно да се заблагодарам на огромното мнозинство европски лидери кои се бореа за да се донесе позитивна одлука за нас. Ја цениме нивната поддршка и знаеме дека и во иднина може да сметаме на нив. Сепак, ние и тоа како сме одговорни за сопствените одлуки, кои ги носиме за нашите граѓани и за македонската иднина. Сериозноста на актуелниот миг бара од мене и од сите нас сериозна одлука. Поаѓајќи од моите уверувања дека секој политичар мора да биде одговорен, чесен и доблесен, ја преземам врз себе разочараноста на својот народ и одговорно излегувам пред граѓаните!”,изјави премиерот Заев.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×