Заев: Одлуката на БПЦ е исклучително позитивна
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Премиерот Зоран Заев ја поздрави одлуката на Бугарската православна црква да го води и помага целиот процес за признавање на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, и ја оцени како исклучително позитивна.

„Како православен верник сум радосен, но уште еднаш ќе повторам – Македонија е секуларна држава. Ние не сакаме да се мешаме во односите меѓу црквите, но оваа порака е исклучително позитивна и можам само да ја поздравам зашто дефинитивно правиме напредок и во делот на признавањето на нашата Македонска православна црква“, изјави Заев, запрашан за коментар за одговорот на БПЦ писмото на МПЦ-ОА.

Тој изрази надеж дека и другите православни цркви ќе го следат примерот.

„Среќен сум што градењето на пријателство дава резултати. Тоа е само уште една потврда дека треба да продолжиме да градиме пријатели“, изјави Заев.

Премиерот Зоран Заев учествува на Самитот на шефови на влади за соработка на земјите од централна и источна Европа со Народна Република Кина, 16+1, што се одржува во Будимпешта.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×