Заев-Пацоли: Македонија гради добри односи со Косово и со сите соседи за да придонесе за НАТО и ЕУ иднината на регионот
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

„Владата на Република Македонија е определена да гради добри односи со Република Косово, како и со сите соседи, и со тоа активно да придонесе кон иднината на целиот регион на Западен Балкан, во Европската унија и во НАТО“, истакна денеска премерот Зоран Заев на средбата со косовскиот министер за надворешни работи, Беџет Пацоли.

„Имаме потенцијал, како две нови влади кои мислат добро за своите граѓани и своите држави, да направиме исчекори во евроинтеграциските процеси“, оцени премиерот Заев.

Како што соопшти владината прес-служба, на средбата заеднички е констатирано дека Македонија и Косово немаат отворени билатерални прашања, што отвора големи можности за унапредување на односите меѓу двете држави.

„Посветени сме како Влада, да го подобриме квалитетот на живот на нашите граѓани и да ги отвориме евроатлантските перспективи. Ќе ги преземеме сите потребни чекори за остварување на граѓанските и државните цели“, додаде премиерот Заев.

Соговорниците дискутирале за конкретни области во коишто ќе се интензивира соработката помеѓу Македонија и Косово. Тоа се економијата, енергетиката, инфраструктурата, царински олеснувања, поедноставен проток на луѓе и стока. Договорено е владите на Македонија и на Косово да ги поттикнат бизнис заедниците и коморите за поцврста и поактивна соработка, како и реализација на почести средби на високо владино ниво.

Министерот Пацоли истакнал дека Косово ги поддржува НАТО интеграциите на Македонија што ќе придонесат кон зацврстување на безбедноста и ќе влијаат на перспективите за целиот регион, а изразил и отвореност за примена на искуства од Македонија во ЕУ интеграциите. Тој оценил дека Заев со огромна вештина и достоинство воспоставил едно општество за сите. Со тоа, како што оценил косовскиот министер за надворешни работи, премиерот Заев покажал како се почитуваат луѓето независно од каква било различност и направил пресврт во односите и почитувањето помеѓу граѓаните во Македонија, за што ја има почитта на целиот регион и светот, вклучувајќи ја и Република Косово.

На средбата се разговарало и за можноста за реализација на средба на највисоко премиерско ниво.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×