„Премиерот е тој што треба да даде оставка 100 дена пред одржувањето на избрите и треба да се формира нова влада, со нов премиер. После 24 април нема да бидам градоначалник зошто ќе ја добијам честа да ја водам новата влада на Република Македонија“. Вака одговори лидерот на СДСМ, Зоран Заев на новинарско прашање дали по 24 април ќе продолжи да биде градоначалник доколку СДСМ победи на изборите.
„Изборот на министрите и на заменик министрите од редовите на СДСМ е само еден чекор кон незапирливот пат кој ќе ги донесе демократските промени во Репубика Македонија. Функцијата на овие луѓе е да бидат контролори и да ја гарантираат слободната волја на граѓаните. Во Македонија мора, треба и ќе има слобода и демократија“, рече лидерот на СДСМ пред Собранието по изборот на новите министри и заменици министри од редовите на СДСМ.
Тој потенцираше дека сега учеството на СДСМ во Владата има контролна улога, а дека на 24 април СДСМ ќе ги врати уставните и економски вредности, што сите граѓани ги бараат и ги заслужуваат.