Заев побара од Јункер изземање на македонските компании од заштитните мерки на ЕУ
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Претседателот на Владата, Зоран Заев, разговараше телефонски со претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер.

Разговорот, како што соопшти владината прес-служба, доаѓа по иницијатива на премиерот Заев, за да го информира претседателот на ЕК за реформските процеси во земјава, со кои се исполнуваат задачите кои Европскиот совет ги одреди како предуслов за формален почеток на преговорите за членство во јуни 2019 година, како и за политичките процеси за усвојување на уставните амандмани.

Заев за време на разговорот го информирал Јункер за двата паралелни процесa кои Европската комисија ги отвори во врска со увоз на производи од челик и алуминиум, а кои директно засегаат неколку компании од Македонија.

„Премиерот Заев посочи дека времените заштитни мерки и анти-дампинг постапките со кои се засегнати неколку држави, меѓу кои и Македонија, имаат негативни последици кон економијата на државата. Притоа, бидејќи Македонија незаслужено се најде на листата за овие мерки, премиерот Заев го замоли претседателот на ЕК, Јункер, да ја разгледа можноста за изземање на нашата држава од времените заштитни мерки и побара решавање на ова прашање со заемно прифатливо решение, во рамките на процесот на стабилизација и асоцијација“, соопшти Владата.

Инаку, Европската комисија пред неколку месеци воведе привремени заштитни мерки за увоз на одредени производи од челик од земјите што не се членки на Унијата. Мерките се воведоа како контра одговор на наметнатите царини од страна на САД, односно стравувањето на Европската Унија дека американските царини може да ги пренасочат производите од челик на европскиот пазар.

Привремените мерки се во форма на тарифни квоти, се однесуваат на 23 категории на производи од челик. За секоја од 23 категории, царинската давачка од 25% ќе се воведе само откако увозот ќе го надмине просечниот увоз во текот на последните три години. За Македонија, воведени се квоти за четири челични производи а опфаќаат шест големи македонски компании од оваа индустрија и тоа Макстил, Миттал Стил, Дојран Стил, ФЗЦ 11 Октомври ИГМ и Метал Промет.

Дополнително, премиерот изнел уверување дека постоечката верификациска мисија на Европската комисија, во македонските компании, за анти-дампинг истраги ќе заврши успешно и дека европските експерти ќе се уверат дека нема дампинг практики во овие компании.

Од Владата информираат дека Заев и Јункер на крајот од разговорот се согласиле дека Македонија покажува видлив и значителен напредок на полето на реформите, а очекувано е и успешно завршување на процесот на уставните промени утврдени во договорот со Грција.

Заедничка е оценката дека доколку нашата држава продолжи и го засили темпото на реформи и завршување на процесот на уставните измени, ќе го трасира патот за почеток на преговорите по европските избори во 2019 годинa

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×