Заев поканет од Могерини на утрешната премиерска вечера во Брисел
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, иако новата влада уште не е формирана, односно уште не премиер, туку мандатар, ќе присуствува на утрешната неформална вечера на премиерите на шесте балкански држави што во Брисел ја организира високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, од кабинетот на Могерини во рамки на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), поканата до Заев е испратена во својство на „определен за премиер“.

Покрај премиерите на Србија, Александар Вучиќ, на Црна Гора, Душко Марковиќ, Еди Рама (Албанија), Иса Мустафа (Косово) и Дениз Звиздиќ (Босна и Херцеговина), Зоран Заев ќе ја претставува Република Македонија на утрешната неформална вечера што ќе се одржи во зградата на ЕЕАС во Брисел. Иако од кабинетот на високата претставничка на ЕУ претходно соопштија дека поканите се испратени до актуелните премиери, сепак Могерини одлучила да направи отстапка и да го покани Заев за да го претстави во неговиот иден капацитет пред останатите лидери од Западниот Балкан.

Инаку, претходно портпаролката на Могерини, Маја Коцијанчич, најавувајќи на утрешната неформална вечера на премиерите на шесте балкански држави со Федерика Могерини, истакна дека целта е да се разговара за состојбата во регионот во врска со последните случувања, како и да се погледне „како сите заедно може да се движат напред“.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×