Заев предлага разрешување на поголем број функционери
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Премиерот Зоран Заев денеска на Владата ќе и предложи разрешување на досегашни директори, заменици, раководители на институции и членови на управни одбори, а ќе достави и предлози за пополнување на местата кои ќе бидат испразнети по разрешувањето.
заев прес„Од денеска ќе почне постапка на именување на новите носители на државни функции, дел преку надзорни одбори, дел преку ресорни министри кои имаат можност да одлучуваат за таквите постапки. Секако за тие постапки постојат законски процедури. Ова се одлуки кои јас ќе ги доставам до Владата и до управувачките органи или носителите на одлуки“, рече на денешната прес-конференција премиерот Заев, соопштувајќи ги притоа имињата на оние кои ќе бидат разрешени согласно оваа одлука.
Во разрешените, меѓу другите се директорот на ЈП „Македонија Пат“ Гајур Кадриу, на „Здравствен дом“ Скопје Злате Мемедовиќ, директорот и претседател на УО на МЕПСО Сашо Василевски, економскиот директор на УК за гинекологија и акушерство Ваљон Бела, ВД директорот на Агенција за лекови и медицински средства МАЛМЕД Ќахил Ибраими, директорката на Клиниката за детски болести Катерина Ставриќ, на Драмски Театар Скопје Викторија Арангелова Петровска, претседателот на УО и директор на ЕЛЕМ Драган Миновски и директорот на Железници Ирфан Асани.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×