Заев: Прислушувале Груевски и Мијалков, објавените материјали немаат врска со странски служби
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

„Материјалите што денеска ќе ги објавиме го потврдуваат она што го зборуваме од почетокот – дека она што го објавуваме нема никаква врска со странски служби, туку дека е дело на УБК при МВР. Мијалков и Груевски со години нелегално прислушувале граѓани на Македонија“, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во најавата на денешната прес-конференција.

Во прилог покажа документи, Excel табели, за кои рече дека се од службите на УБК, со евиденции на сопствениците и корисниците на прислушуваните телефонски броеви, водени според определени кодни имиња. Псевдонимот на службите за Заев бил ДС Зеко, претходниот претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски, бил воден како Крст, министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, како Тутин, пратеничката Силвана Бонева, како Босил.

Во емитуваните аудио материјали на денешната прес-конференција можеше да се слушне како функционери на власта, според СДСМ се работи за министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, за директорот на УБК, Сашо Мијалков, за претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, за директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, разговараат за тоа како да ја ограничат собраниската Комисија за надзор над работата на УБК.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×