Заев: Работам директно на привлекување на Facebook и Google со централи во Македонија
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Премиерот Зоран Заев на вчерашното гостување во емисијата Отворено на ТВ 24 најави можност технолошките гиганти Google и Facebook да отворат централи во Македонија, за што, како што рече, директно работи.

„Во моментов информатичката технологија ја зборуваме најмногу, а во делот на данок на добивка таа на Македонија ѝ дава годишно помеѓу 10 и 17 милиони евра приход. Тоа е ништо. Работам директно на привлекување на Facebook и Google со централи во Македонија, зашто ги оданочуваат со 23% и 19% во Швајцарија и во Даблин (Ирска), да дојдат овде. Малта им нуди 4,3%. Јас им понудив 3%. Ама доаѓаат со 30 милијарди евра добивка. На 3% тоа се 900 милиони евра добивка во државата. Ние нема да изгубиме ништо, а ќе отворат многу работни места, со комплетно влегување во факултетите, за да можат токму тие факултети да ги продуцираат потребните кадри“, изјави премиерот Заев.

Од Владата побаравме дополнителни информации, но оттаму ни одговорија дека во оваа фаза сѐ што може да се каже е погоре цитираното од гостувањето на премиерот на ТВ 24.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×