Заев се сретна со директорот на Google Jigsaw: Поставена е основа за соработка во Македонија
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Премиерот Зоран Заев, кој е во Њујорк на Генералното Собрание на ОН, вчера се сретна и со извршниот директор на Google Jigsaw, Џерад Коен. Jigsaw, поранешна Google Ideas, е технолошки инкубатор основан од Google, a сега подружница на Alphabet.

Премиерот таму ги претставил условите за инвестирање во Македонија.

„Со политиките на новата Влада ја отворивме Македонија за светот, како и за младите и креативни луѓе кои сакаат да придонесат за економскиот развој на државата, но и ја гледаат нивната иднина во својата земја. Преку бизнис инкубаторите и стартап центрите, фокусирани сме, како Влада, на поддршка на компании и поединци со иновативни идеи. Заинтересирани сме да ги поддржиме и добрите иницијативи во ИТ секторот и технологијата“, рекол Заев.

На средбата, претставниците на Google Jigsaw соопштиле оценка од нивната скорешна посета на Македонија, дека земјата има млади креативни луѓе кои би можеле да придонесат во иновативниот, технолошкиот, ИТ сектор.

На состанокот се разговарало за идеи за соработка во Република Македонија и била поставена основа за развивање на соработката.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×