Заев: Скриениот долг кон стопанството е најмалку 400 милиони евра
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Владата го усвои предлогот за ребаланс на буџетот, по што тој ќе биде ставен пред пратениците во Собранието, рече попладнево премиерот Зоран Заев на прес конференција во Владата. Тој вели дека ќе ги скратат непродуктивните трошења за да се заштедат пари. Премиерот вели дека го адаптирале буџетот и приходите се сведени на реални очекувања, односно се ревидирани за 1,5% надолу, а буџетскиот дефицит не е зголемен, односно е проектиран на 2,9% од БДП. Тој вели дека ребалансот на буџетот ги одразува намерите за домаќинско работење на владата.

Со ребалансот се предвидени една милијарда и 240 милиони денари во Фондот за пензиско осигурување, повеќе пари за остварување на социјалните права на граѓаните. Потоа се планира намалување на трошоците за службени патувања, репрезентации, промоции, рекламирања. Премиерот вели дека овие кратење најмногу се во буџетот на Премиерот и, како што вели, досега при ребаланс никогаш не се кратело од парите на Премиерот.

Досега е откриен долг од 400 милиони евра кон стопанството. Заев вели дека бројката за непријавени долгови очекува да расте, оти има се уште скриени фактури и долгови, кои ќе треба Македонија преку буџетот да ги плати. Премиерот вели дека владата ќе продолжи со изградба на веќе започнатите проекти, како автопати, училишта, сали, односно на сè што е капитално.

„Имајќи предвид дека растот во првиот квартал е 0 проценти, наша проекција дека растот на БДП ќе биде 2,2%“, рече Заев.

Проекцијата на минатата влада за раст на БДП во 2017 бил 3%.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×