Заев: Уште еден пораз на Никола Груевски – ништо повеќе не зависи од него
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

„Полноќната одлука на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, за одложено распуштање на Собранието, е уште еден пораз на Никола Груевски“, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на прес-конференција по вечерашното поништување на одлуката за распуштање на Собранието на 24 февруари, што предвидуваше избори на 24 април, и изгласување на 5 јуни како нов датум за изборите, а на 7 април како ден за распуштање на Парламентот (60 дена пред изборите).

Ова е интегрално обраќањето на Заев:

„Полноќната одлуката на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, за одложено распуштање на Собранието, е уште еден пораз на Никола Груевски.

После сите лаги, измами, инаетења, со денови криење од јавноста, Никола Груевски ја призна својата лична одговорност: нема услови за слободни, фер и демократски избори на 24 април.

Со кршење на Договорот од Пржино, одбивање на реформите за слободни медиуми и прочистувањето на Избирачкиот список, лажниот патриот Никола Груевски и неговата ВМРО-ДПМНЕ се обидоа да ја втурнат Македонија во драматична криза.

Потврдата од ЕУ и САД, меѓународните гаранти на Договорот од Пржино, дека не се исполнети условите за фер избори, и одложената одлука за Резолуцијата во Европскиот парламент, покажуваат колку само слободните избори се значајни за иднината на Македонија.

Груевски сакаше да ја вовлече Македонија во сериозна меѓународна изолација и длабока внатрешна криза, со единствена цел, заштита на криминалот и корупцијата на фамилијата.

Никола Груевски се плаши од слободни и фер избори, затоа што знае дека ќе ги изгуби.

На сите им е јасно: Никола Груевски не може да ја држи Македонија во заложништво.

Пред само еден час ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека нема поместување од датумот 24 април.

Вечерва се потврди, ви реков, се случи: Ништо повеќе не зависи од Никола Груевски. Тој е минато.

Во Македонија мора да има и ќе има, слободни, фер и демократски избори.

Избори со прочистен Избирачки список и реформи за слободни медиуми на коишто сите граѓани и партии слободно ќе учествуваат.

Во Македонија мора да се избере нова Влада, со полн легитимитет, за решавање на сериозните проблеми и враќање на Македонија на европскиот пат.

На фер избори СДСМ ќе ја преземе одговорноста којашто ќе ѝ ја дадат граѓаните.

Промените доаѓаат на слободни, фер и демократски избори, на коишто ќе победат граѓаните, СДСМ и европските вредности!“

 

One thought on “Заев: Уште еден пораз на Никола Груевски – ништо повеќе не зависи од него

  1. I mojata dilema e za kogo da glasam, za SDSM ili VMRO? Koga ke go slushnam dokazaniov kriminalec Zaev kako go obvinuva nedokazaniot kriminalec Gruevski, kako moze da mu se veruva na dokazan kriminalec? SDSM ke ima mnogu pogolem kredibilitet ako istata poraka izleze odustite na cisti lugje clenovi na SDSM, a ne od Zaev, Shekerinska, Shilegov (korumpirani so dokazi).

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×