Заев утре ќе се сретне со Меркел во Берлин
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Премиерот Зоран Заев утре во Берлин ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел.

Средбата е во рамки на официјалната посета на владина делегација предводена од Заев на Германија.

По средбата, како што соопшти владината прес-служба, канцеларката Меркел и премиерот Заев ќе имаат заедничка прес-конференција.

За време на посетата во Берлин, Заев е предвидено да се сретне и со претседателот на Германија, Франк Валтер Штајнмаер.

Заев ќе има и обраќање во централната канцеларија на Фондацијата „Фридрих Еберт“.

Првата билатерална средба на премиерот Заев со германската канцеларка Меркел се одржа во Трст, во јули, лани, на маргините од Самитот „ЕУ-Западен Балкан“.

Меркел тогаш искажа поддршка за новата македонска Влада за одлучноста за суштински реформи и за определбата за интеграција на Република Македонија во ЕУ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×