Заев: Владата ќе го усвои законот за јазиците пред локалните избори
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Владата ќе го донесе законот за јазиците пред локалните избори и со тоа нема да ги изгуби гласовите на граѓаните ниту од македонската, ниту од албанската етничка заедница, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

„Една работа е сигурна. Владата ќе го донесе законот пред локалните избори, а ако бидеме подготвени ќе биде усвоен и во Парламентот. Само следете нѐ, ќе видите како ќе растат гласовите и на Македонците и на Албанците и на Турците и на Србите, … кон оваа владејачка коалиција“, истакна Заев, одговорајќи на новинарски прашања пред деловниот појадок со Сојузот на стопанските комори.

Како што рече премиерот, народот сака решавање на проблемите.

„Никој не губи ништо, секој има право на еднаквост во нашето општество и да ја чувствува Македонија како своја“, потенцира премиерот.

Законот за јазиците, рече Заев, веќе се подготвува во Министерството за правда и многу брзо се очекува да биде доставен до Владата од каде потоа ќе се процесуира до Венецијанската комисија и Парламентот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×