Заев: Власта прислушувала над 20 илјади граѓани. Меѓу нив се политичари, судии, бизнисмени, новинари..
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Најмалку 20 илајди луѓе биле прислушувани во изминатите неколку години, обвини лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната прес-конференција свикана за отворање на досието кое опозициската партија го нарече „Вистината за Македонија“. Заев ги обвини премиерот Никола Груевски и директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, дека биле наредбодавци за незаконско и масовно прислушување. Против Мијалков и против раководителот на Петтата управа на Министерството за внатрешни работи,  Горан Груевски, како и против други непознати лица во безбедносните служби, СДСМ ќе поднесе кривична пријава.

„Следен сум и прислушуван во континуитет. Триста мои разговори со сопартијци, со новинари и со членови на моето семејство поднесов во прилог на кривичната пријава против Груевски и Мијалков, и други лица кои учествувале во ова незаконска операција“, изјави Заев.

Тој обвини дека за време на изборите била правена злоупотреба на државните служби со цел власта да добива резимеа за политичките противници, со сета нивна комуникација. Жртви на прислушувањето, според Заев, биле и останатите лидери на опозициски партии, но, и членови на Владата, како министрите за финансии и за внатрешни работи, Зоран Ставрески и Гордана Јанкулоска, како и лидерот на коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, Али Ахмети, судии, бизнисмени, новинари..

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×