Заев во Белград: Македонците ја ставаат Србија на прво место меѓу соседите
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Премиерот на Македонија, Зоран Заев, изјави денеска во Белград дека односите меѓу Македонија и Србија се партнерски и добрососедски, и оти евроинтеграциите се надворешнополитички приоритет за двете земји.

После разговорот со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, Заев рече дека Србија и Македонија „сега како и порано“ ги поврзуваат многу прашања, што отвора потенцијал за натамошна соработка.

Македонскиот премиер ја оцени економската соработка меѓу двете земји како добра, потенцирајќи дека Србија е на трето место меѓу трговските партнери на Македонија со размена од околу 700 милиони долари годишно.

„Но, има уште да се работи. Ние сме блиски народи, имаме многу заедничко, историја и пријателство. Политичарите мораат да ги следат потребите на граѓаните и да создаваат перспективи“, наведе Заев.

Според неговите зборови, Македонците ја ставаат Србија на прво место меѓу соседите, и за неа имаат најдобро мислење и со Србија сакаат да имаат најдобри односи.

Претседателката на српската Влада, Ана Брнабиќ, изјави дека со Заев договориле на крајот на февруари или на почетокот на март да се одржи заедничка седница на двете влади, кога ќе бидат потпишани неколку важни договори.

Брнабиќ ја оцени посетата на македонскиот премиер како многу важна, зашто „регионалната соработка и поврзување се многу важни, бидејќи без регионален мир и стабилност нема европски интеграции за Западниот Балкан“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×