Заев во Израел на работен ручек со својот израелски колега Нетанјаху
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Премиерот Зоран Заев, кој е во официјална посета на Израел, денеска ќе има работен ручек со израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху.

Заев во Израел, каде престојува на покана на неговиот израелски колега Нетанјаху, го придружува владина и бизнис делегација.

Официјалната програма за денеска, како што соопшти владината прес-служба, предвидува и средба на премиерот Заев со лидерот на опозицијата, Исак Херцог.

За време на посетата, одделни средби со своите колеги од Израел, ќе имаат и министрите за внатрешни работи, за економија и за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Во текот на вчерашниот ден, премиерот Заев имаше средба со израелскиот претседател, Руевен Ривлин. Демократската и реформска Влада во Македонија отвора можности за интензивирање на безбедносната и економска соработка со Израел, заклучиле на средбата Заев и  Ривлин.

Македонскиот премиер, придружуван од владината делегација со која е во Израел, беше и во посета на Јад Вашем во Ерусалим, Меморијалниот центар на Холокаустот. Тој положи венец во име на Република Македонија, во Холот на Сеќавањето, за 6-те милиони Евреи, жртви на Холокаустот, и присуствуваше на молитвата за загинатите, а засади и дрвце на мирот во Шумата на нациите, исто така во Ерусалим.

Попладнето Заев се обрати на Израелскиот совет за надворешни работи, и на Бизнис форумот што го организира Владата на Република Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×