Заев во Њујорк, на 72. Генерално собрание на ОН, ќе се сретне со Трамп и со Гутереш
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Премиерот Зоран Заев ќе ја предводи делегацијата на Република Македонија на 72. Генерално собрание на Обединетите Нации во Њујорк од 17 до 23 септември, соопшти владината прес-служба.

Во составот на делегацијата на Република Македонија, ќе бидат и шефот на дипломатијата, Никола Димитров, и министерот без ресор задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми.

Заев ќе присуствува на свеченото отворање на работата на Генералното собрание и ќе има обраќање на тематската конференција „Отворена влада“, со која ќе претседава претседателот на Франција, Емануел Макрон. Предвидено е премиерот Заев да учествува и на повеќе други тематски панели за време на овој светски собир на шефови на држави и  влади.

Претседателот на Владата на Република Македонија ќе има работен ручек со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, повеќе други билатерални средби, меѓу кои и со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, со високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, со премиерите на Норвешка и на Малта, како и со претседателот на САД, Доналд Трамп.

Во рамките на посетата на Њујорк, премиерот Зоран Заев ќе има средби и со претставници на дијаспората на Република Македонија во САД, како и американски бизнисмени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×