Заев-Вучиќ: Ќе се бориме за унапредување на односите –проблемите ќе ги решаваме само преку дијалог
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Премиерот на Македонија, Зоран Заев, и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска се сложиле двете земји несогласувањата да ги решаваат исклучиво со дијалог и заеднички да се борат за зачувување и унапредување на пријателските односи.

Во заедничко соопштение Заев и Вучиќ наведуваат дека Македонија и Србија во согласност со меѓународните прописи, во атмосфера на доверба и на пријателска основа ќе ги штитат правата и интересите на дипломатско-конзуларните претставништва на својата територија.

„Република Србија и Република Македонија исклучиво со дијалог ќе го решаваат секое евентуално несогласување во меѓусебните односи. Без разлика на сите политички разлики во одредени важни политички и регионални прашања, Србија и Македонија заеднички ќе се борат не само за зачувување, туку и за унапредување на пријателските односи на српскиот и на македонскиот народ, и на граѓаните на Србија и на Македонија“, се наведува во заедничкото соопштение.

Заев и Вучиќ денеска телефонски разговараа откако Србија во неделата го повлече персоналот од својата амбасада во Скопје со подоцна дадено образложение дека имало „многу интензивно разузнавачко дејствување против органите и институциите на Србија“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×