Заев задоволен од досегашните резултати на проектот „Мој ДДВ“
Објавено на од во Економија

Премиерот Зоран Заев е задоволен од досегашните резултати што ги покажува проектот „Мој ДДВ“ што стартуваше од 1 јули.

заев мој ддвТој денеска од собраниската говорница информираше дека само во првите 23 дена од почетокот на проектот вкупно 135 илјади граѓани ја симнале апликацијата, скенирани се пет милиони 405 илјади 182 сметки, а вредноста на скенираните сметки е две милијарди 768 милиони 341 илјада и 908 денари. Пресметките покажуваат досега кај граѓаните треба да се вратат 44 милиони 827 илјади денари.

Апелираше до сите правни субјекти да издаваат фискални сметки, а граѓаните да продолжат да бараат фискални сметки бидејќи можат да вратат пари во висина до 28.800 денари.

На 1 август, како што најави, ќе имаат презентација на резултатите од проектот.

Во првите шест месеци од годината и првите 23 дена од месецов, како што информираше, наплатата на ДДВ е зголемена за 6,6 проценти, а персоналниот данок е зголемен за 15,6 проценти. Намалување има кај данокот на добивка, бидејќи се решава управно прашање со „Џонсон Мети“ и поради стечајот на „Тето“. Зголемени се и придонесите за пензиско и инвалидско осигурување за 9,8 проценти, а придонесите за здравствено осигурување за 8,9 проценти. Вкупните приходи заклучно со 24 јули се зголемени за 8,6 проценти во однос на лани.

– Тоа покажува дека економијата заживува и оди напред. Верувам дека ќе ги максимилизираме ваквите резултати и жално е да се бара да се прекине овој процес за некој да оди на избори, рече Заев, додавајќи дека резултатите ќе бидат уште подобри со влегувањето во НАТО и отпочнувањето на преговорите со Европската унија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×