Земјите од Западен Балкан имаат одговорност да ја гарантираат медиумската слобода
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Zaev Zapaden Balkan mediumiПретседателот на Владата, Зоран Заев, заедно со комесарот за проширување и соседска политика на Европската Унија, Јоханес Хан, и претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Харлем Дезир, со свои воведни обраќања денеска ја отворија конференцијата за земјите од Западен Балкан „Денови на медиумите“, којашто се одржува во Скопје, а е во организација на Европската комисија.

Заев во своето воведно обраќање истакна дека земјите од Западен Балкан имаат одговорност да ја гарантираат слободата на медиумите и безбедноста на новинарите.

“Слободата на медиумите е недозволиво да остане само декларација запишана во законите и резолуциите. За да биде жива, автентична и секојдневна пракса, таа мора да произлегува и да биде дел од еден економски одржлив, независен и плуралистички медиумски сектор, кој опстојува во функционални држава во која владее правото како гаранција за автентична медиумска слобода”, изјави Заев.

Според него, „трендот на ширење дезинформации е најголем поткопувач на демократските и реформскитеп процеси, како и на европеизацијата на регионот.“
“Таквите пара-информации учествуваат во поткопувањето на владеењето на правото и на политичката стабилност која, меѓу другото, не помалку влијае и на работата на новинарите. Лажните вести најчесто се наменети за да дискредитираат личности, да шират дезинформации, да предизвикуваат конфликт, омраза, параноја, заговор. Во регионален контекст, лажните вести кои се насочени кон етничка, политичка и верска нетрпливост, се заеднички непријател на трендот на помирување на земјите од Западен Балкан и нивната конечна европеизација”, додаде Заев.

Тој нагласи дека е застапник на концептот на саморегулација, односно медиумските професионалци се тие што треба да ги постават стандардите за самите себе си.

“Идеално би било граѓаните да развијат практика на следење на вести од различни извори и да бидат критични кон информациите кои ги консумираат. Но, не може да очекуваме секој граѓанин, што се информира од медиуми достапни на својот мобилен уред, да ја проверува информацијата пред да ја прифати како таква. Тоа е работа на регулаторните тела, и не помалку на медиумите, чиј што простор е директно узурпиран од таквата не само нелојална, туку и не етичка конкуренција – подвлече Заев кој ги повика на одговорност и јавните радиодифузни компании кои како што рече, мора да бидат тврдина на објективното и независно новинарство.

Хан и Дезир ги поздравиле напорите на Владата за спроведување на медиумските реформи, посочиле на важноста од заедничко делување против лажните вести и зборувале за состојбите и можностите на унапредување на слободата на медиумите во земјите од Западен Балкан.

врокомесарот за проширување Јоханес Хан денеска во Скопје на две недели од референдумот за земјата порача дека од клучна улога е квалитетното известување на граѓањето за да направат информиран избор.

“Овој специфичен политички контекст може да посчужи како пример зошто квалитетното информирање е толку важно. Квалитетното информирање им помага на граѓаните да направат информиран избор. Сметам дека сите медиуми треба да ги интензивираат заедничките напори за да информират за фактичката содржина на договорот за името и последиците од гласањето на граѓаните, како и за подигање на свеста кај нивните гледачи и читатели за важноста да го искористат своето демократство право да гласаат. Ова е еден од најубедливите примери суштествената улога која ја имаат медиумите во демократскиот процес”, рече Хан

Потребно е, нагласи тој, земјите од Западен Балкан да работат на подобрување на слободата на медиумите и спроведувањето на законите, бидејќи тоа е еден од условите за пристапување во ЕУ.

“Тоа е неповратен пат за сите земји кои се стремат да станат членки”, рече Хан.

На Конференцијата учествуваа и уредници и новинари од повеќе меидуми во Македонија, меѓу кои и Катерина Синадиновска, уредник во Капитал и претседател на Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ).

“За да зборуваме за било какви стратегии околу тоа како да се бориме со феноменот на лажни вести, со притисоците и со моделите на финансирање мора да имаме консензус за тоа како го гледаме новинарството во 21 век и улогата што ја има во едно демократско општество. Ние се соочивме 10 години со медиумска тортура и последиците ги чувствуваме и денес. Во Македонија клучно за било каков напредок е да се соочиме секој со себеси и со сопствената улога во изминатите 10 години. Не може да се прават реформи со оние кои биле инволвирани во уривањето на стандардите и на релеванцијата на самата професија, ниту со сопствениците на медиуми кои чекаа да падне власта и уште следниот ден ја сменија уредувачката политика, ниту, пак, со влада на која и одговара соработка со вакви медиуми. Треба да бидеме искрени за тоа за што ќе се бориме”, изјави Синадиновска.

Според нејзе, медиумите одамна ја изгубија улогата да култивираат едуцираат и да ги креваат стандардите на јавниот наратив, но она што најмногу загрижува е што тие ја изгубија нивната примарна функција да информораат.

“Живееме во време на масовна хистерија како резултат на хипер продукција на вести, милион информации во минута се пласираат без да биде испочитувано основното новинарско правило, а тоа е истите да бидат проверени , точни, со прециозно наведен извор и со мисија да бидат во интерес на висината. Во вакви услови граѓанинот е изгубен во напливот на информации и неможност да препознае што е лага, што вистина, што е реалност, а што е производ на пропагандата создадена во центрите на моќ.
Она што е потребно е медимските организации заедно со државата да работат да се изнајде начин како да се препознаат и лоцираат креаторите на лажни вести, кои прераснуваат во лажни медиуми, кои се кријат зад слободата за говор и зад новинарството и дека наша должност е да ги разоткриеме и да бидеме конзистентни во ставот дека со нив треба да се постапува согласно законската регулатива. Тука доаѓаме до клучниот момент, а тоа е владеење на правото што се покажува како основен проблем во земјите од Западен Балкан. Без владеење на правото воопшто не можеме да разговараме ниту за медиумски слободи, ниту за слободен пазар. Тука е повикана државата да интервенира преку посебна имплементација на законите”, вели Синадиновска.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×