Загрепските таксисти бараат да се забрани Uber – во спротивно ќе излезат на протест
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Загрепските таксисти по состанок што вчера го имале со претставници на Министерството за транспорт и на Канцеларијата на градот за сообраќај, побарале од инспекцијата на Министерството да му забрани на Uber да работи, зашто сметаат дека тоа го прави нелегално.

„Очекуваме или да работат според правилата, како нас, или да им се забрани работата“, изјавил потпретседателот на Здружението Радио Такси Загреб, Иван Пилко, во кое членуваат 1.100 до 1.500 таксисти. Дел од нив тврдат дека собрале и докази против Uber, а за целта и самите се возеле со автмобил повикан со познатата апликација.

„Од Uber тврдат дека за нив возат само таксисти со дозволи, што не е точно. Има само неколку такви, но и обични граѓани без ознаки на возилата, што е противзаконски“, вели Пилко.

Традиционалните таксисти најавиле дека ако Uber не биде забранет, своето незадоволство на почеток ќе го изразат со мирен протест. Тие сметаат дека ако Uber остане во Загреб, ред нема да може да стави ниту инспекцијата, бидејќи, како што велат, таквите возила немаат ниту ознака дека се такси.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×