Законот за акцизи пролонгиран до ноември
Објавено на од во Економија
Наместо од 15 јули, предвидените нови акцизни правила ќе важат од први ноември.
rakijaЗаконот предложен од шест пратеници, поминало на Собрание минатата недела. Измените и дополнувањето на Законот за акцизи, според образложението, е одложен на барање на бизнис-заедницата „за да се овозможи подолго време за нивно усогласување со одредбите од Законот за акцизите, како и со функционирањето на EMCS-системот со кој ќе управува Царинската управа“.
Производители на домашна ракија од Тиквешијата, на крајот на мај, одржаа средба со претставници на Царината, на која побараа на подолго време да се одложи плаќањето на акцизата за домашно произведена ракија.
Новиот закон е изготвен заради усогласување со акцизното законодавство на ЕУ. Патничките автомобили не се предмет на оданочување со овој закон туку со посебен закон за оданочување на моторни возила.
Со оој закон, исто така  се воведува акциза и за тутун за наргиле, тутун за џвакање, тутун за шмркање, несогорлив тутунски производ и течност за полнење електронска цигара.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×