Замрзна кредитирањето, но се одмрзна оптимизмот кај банкарите
Објавено на од во COVER STORY

kreditiranje WEB 945Паѓа кредитната поддршка за приватниот бизнис

Веќе неколку месеци кредитното портфолио на приватните фирми се намалува што упатува на намалена кредитна поддршка од банките за бизнисот, меѓутоа, банкарите во најновата Анкета за кредитната активност на Народната банка биле оптимисти, и оцениле дека ќе ги олеснат условите за одобрување кредити за бизнис секторот. Анализирајќи го ризикот, банкарите оцениле дека е евидентно натамошното стабилизирање на домашната економија, а освен тоа забележале и зголемување на побарувачката за кредити од страна на бизнисмените. Освен кредити за обртен капитал што беа доминантни изминатиот период, менаџерите на компаниите се повеќе барале и и инвестициски кредити.

 

Веќе неколку месеци кредитното портфолио на приватните фирми се намалува што упатува на намалена кредитна поддршка од банките за бизнисот, покажуваат последните податоци што ги објави Народната банка. Во октомври годинава, салдото на кредити за приватните компании изнесува 2,37 милијарди евра, што е за 0,2% помалку отколку месецот претходно, а само 0,8% повеќе отколку истиот месец лани.

Ако се анализираат податоците по одделни месеци во последните година дена, се гледаат значителни осцилации во кредитирањето, особено по декември лани кога кредитното салдо на фирмите било најголемо.

Од Народната банка објаснија дека во текот на октомври намалувањето на кредитите за корпоративниот сектор произлегува од намалувањето на девизните кредити, при пораст кај денарското кредитирање.

Сосема различен е трендот пак, кај кредитите за граѓаните. Вкупните кредити на домаќинствата се зголемени за 0,5% во споредба со септември, а дури 9,3% на годишно ниво. Растот најмногу произлегува од зголемувањето на потрошувачките и станбените кредити.

Всушност, за да се надомести послабото кредитирање на корпоративниот сектор и да се прикаже раст на кредитната активност, банкарите повеќе одобрувале кредити за населението.

Ако се анализира наплатата на кредитите, произлегува дека граѓаните се и подисциплинирани клиенти за банките, а освен тоа, каматите на потрошувачките кредити, кредитните картички и минусите на тековните сметки за кои има најголем интерес, се највисоки, па оттаму и зголемувањето на кредитната активност во овој сегмент е очекувана и има соодветно влијание врз порастот на банкарските добивки.

Меѓутоа, според последните податоци на Народната банка, во првите девет месеци сите 14 банки оствариле профит од 74,8 милиони евра, што е за 7,5% помалку во споредба со истиот период лани. Послабиот финансиски резултат сепак најмногу се должи на загуби од ненаплатливи кредити што се драматично зголемени на годишно ниво, додека пак нето приходите од камати и од курсни разлики се благо зголемени.

Komercijalna-banka WEB 945

По вкупните кредитни портфолија, во корпоративниот сектор апсолутно доминира Комерцијалнабанка со вкупно 585 милиони евра одобрени кредити, меѓутоа, во споредба со лани има пад од 7,4%

Кои банки го зголемуваат кредитирањето

Од вкупно 14 деловни банки колку што работат во Македонија, само кај две е евидентирано намалување на кредитната активност до крајот на септември годинава споредено со истиот период лани, додека останатите 12 банки го зголемиле кредитирањето. Порастот се движи од 1,7% кај НЛБ до најмногу 19,2% кај Халк банка.

Што се однесува до кредитирањето на приватните компании, пет банки во септември го намалиле своето кредитно портфолио, додека пак зголемување има кај 10. Меѓутоа, намалувањето на кредитната активност кон корпоративниот сектор е забележана токму кај најголемите банки што држат најголем дел од пазарот и тоа, кај Стопанска банка каде падот е 9,3%, Комерцијална банка со пад од 7,4% и НЛБ со намалување на кредитите за 7,8% на годишна основа. Најголем раст, пак, е забележан кај Халк банка и тоа од 21,3%, а двоцифрени стапки на пораст се евидентирани и уште кај неколку други банки.

Ако се анализира пак, кредитирањето на граѓаните по одделни банки, произлегува дека само една банка, и тоа ПроКредит која што впрочем се декларира како бизнис ориентирана, ја намалила кредитната поддршка за населението. Сите други банки засилено го зголемиле кредитирањето на населението.

По вкупните кредитни портфолија, во корпоративниот сектор апсолутно доминира Комерцијална банка со вкупно 585 милиони евра одобрени кредити, а по неа следуваат Стопанска банка и НЛБ со по околу 330 милиони евра. Во делот на населението, пак, лидер е Стопанска банка со вкупно одобрени 680  милиони евра, па по неа следуваат НЛБ со портфолио од 470 милиони евра и Комерцијална банка со одобрени 225 милиони евра.

kreditiranje WEB 945 grafik
Банките ги олеснуваат условите

Банкарите ги олесниле условите за задолжување на компаниите, покажува последната анкета на Народната банка спроведена меѓу сите комерцијални банки во земјава.

„Во третото тримесечје на 2017 година се забележува натамошно нето олеснување на вкупните услови за одобрување корпоративни кредити, но со послаба динамика во однос на претходната анкета. За наредниот квартал, банките упатуваат на задржување на динамиката на нето олеснување на вкупните кредитни услови за одобрување корпоративни кредити“, пишува во Извештајот на народната банка.

Според согледувањата на банките за конкретните кредитни услови, оценетото олеснување на кредитните услови во третиот квартал во најголем дел произлегува од намалувањето на каматните стапки, но со значително послаба динамика во однос на претходната анкета.

„Помало олеснување на условите за кредитирање, исто така, е регистрирано и кај некаматните приходи, додека останатите услови поврзани со големината на заемот или на кредитната линија, барањата за обезбедување и условите поврзани со достасувањето на заемите и понатаму се оценуваат како релативно непроменети“, велат од НБМ.

Конкуренцијата од другите банки и понатаму е доминантен фактор кој делува кон олеснување на кредитните услови. Останатите фактори поврзани со притисокот од конкуренцијата и натаму имаат неутрално влијание врз условите за одобрување корпоративни кредити.

„Во рамки на факторите поврзани со согледувањата за ризикот, слично на оцените од претходната анкета, најголемиот дел од банките оценуваат дека овие фактори имаат неутрално влијание врз кредитните услови, што упатува на натамошно стабилизирање на согледувањата на банките за ризиците во домашната економија“, анализира Народната банка.

Во третиот квартал годинава Народната банка евидентирала и зголемување на вкупната побарувачка на корпоративни кредити,и тоа со посилна динамика во однос на претходната анкета.

„Притоа, банките укажуваат на зголемена побарувачка кај сите типови корпоративни кредити. За наредните три месеци, банките укажуваат на натамошен раст на вкупната побарувачка, со посилна динамика во однос на очекувањата од претходната анкета. Во поглед на факторите коишто ја условуваат побарувачката на корпоративните кредити, не се забележани позначителни поместувања во однос на претходно – индивидуалните фактори поврзани со потребите за финансирање и натаму придонесуваат за зголемување на побарувачката на нето основа, со слична динамика како и во претходната анкета. Притоа, доминантни фактори во оваа насока се инвестициите во залихи и обртен капитал како и преструктурирањето на долгот. Од друга страна, факторите поврзани со потребата за алтернативно финансирање и натаму имаат неутрално влијание врз вкупната побарувачка“, објаснува Народната банка сумирајќи ги резултатите од Анкетата за кредитната активност меѓу деловните банки.

Оптимизам кај банкарите

Од неколкуте банки што испратија одговори на нашите прашања во врска со кредитната активност, велат дека и покрај турбулентната година очекуваат до крајот на 2017 да се зголеми динамиката на кредитирање.

“И покрај турбулентната година која одминува, Стопанска банка а.д. Битола годинава ќе ја заврши со кредитен раст од 12%, кој е значително повисок од проектираниот годишен раст според НБРМ. Депозитната база е исто така стабилна и очекуваме пораст од 5% во споредба со 2016 година.“, вели директорката во Стопанска банка – Битола одговорна за работа со физички лица, Весна Дацева.

Банкарите очекуваат дека стабилизација на политичката состојба во Македонија ќе донесе оптимизам кај поголем дел од претприемачите и дека трендот на инвестирање ќе се интензивира до крајот на годината.

“Активноста на бизнисите ќе се одрази на економијата со можност за поголем број на вработувања и зголемување на БДП, а резултатите од новите инвестиции ќе се почувствуваат во следниот период“, вели Јованка Јолеска – Поповска, генерален директор на ПроКредит банка,и додава дека „ПроКредит Банка како специјализирана банка за бизниси, активно учествува во финансирање на одржливите проекти и очекува порастот на инвестиционите проекти да се одрази позитивно на кредитното портфолио“.

Од Комерцијална банка истакнаа дека до крајот на годинава, макроекономските услови во кои банката ќе ја остварува својата активност се очекува да бидат постабилни и со помала неизвесност.

„Ние ќе бидеме фокусирани пред се’ на подобрување на квалитетот на портфолиото. Растот на кредитната активност на банката се очекува да биде умерен во делот на кредитирање на нефинансиски правни лица, како и делот на кредитирање на население согласно регулативата од страна на НБРМ, при што не се планираат значителни промени во структурата на активата. Продолжуваме и со дорезервирањата на кредитните изложености кон клиенти со влошено портфолио во последниве години“, изјавија од Комерцијална банка.

Позитивни очекувања за економијата во периодот што следи има  и менаџментот на Охридска банка Сосиете Женерал, каде што вкупните кредити бележат подинамичен раст и во споредба со планот за првите шест месеци остварувањата се околу 30% повисоки во споредба со планираното ниво, како што вели директорот на Секторот за финансии и контролинг, Мито Ѓорески . По сегменти најдинамичен раст бележат кредитите на население со најзначаен придонес на потрошувачките, станбените и хипотекарните кредити.

“Реализацијата на растот на кредитните пласмани го надминуваат просекот на банкарскиот сектор, што е и стратешка цел вградена во плановите за развој на банката. Позитивно и оптимистички за развојот на економијата во следниот период е што основната причина, политичката неизвесност, е надмината. Во тек се активности за решавање на капиталните инвестиции во патната инфраструктура, а дел од останатите сектори во структурата на БДП бележат раст што секако ќе има позитивно влијание на растот на економијата во периодот што следи. Исто така, и извозот бележи раст со подинамична стапка од увозот“, вели Ѓорески.

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×