Западен Балкан тема на шефовите на дипломатии на ЕУ во Хелсинки
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска и утре во Хелсинки на неофицијална средба ќе разговараат за повеќе прашања, како на пример хибридните закани, за Блискиот Исток, Иран, но и за регионалната соработка на Западен Балкан.
запбалкШефовите на дипломатиите на ЕУ и нејзините партнери од Западен Балкан (Северна Македонија, Србија, Албанија, БиХ, Косово, Црна Гора) утре ќе ја разгледуваат ситуацијата во регионот која е комплицирана, посебно поради таксите кои Косово ги воведе на производите од Србија и БиХ, како и неформирањето Влада во БиХ десет месеци по изборите.
Собирот на шефовите на дипломатиите на ЕУ почнува денеска со ручек заедно со министрите за одбрана на Унијата, а главна тема ќе бидат хибридните закани – јакнење на отпорноста и подигнување на светса за хибридните закани. Потоа министрите за надворешни работи подетално ќе ја разгледаат ситуацијата на Блискиот Исток и нуклеарниот договор со Иран.
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини би можела вечерва или утре да „ја искористи можноста“ да ги стави на дневен ред „најрелевантните прашања“ во овој момент, како што е ситуацијата во Хонгконг или пожарите во Амазонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×