Започна Самитот на Економист во Скопје – „Зајакнување на моментумот за европска интеграција“
Објавено на од во Events
Започна годинешното издание на Самитот на Економист во Скопје чија тема годинава е„Зајакнување на моментумот за европска интеграција”.
IMG-3dc6a7e2fc08cd125152d4224f69f7d4-VСамитот ќе брои околу 450 учесници, меѓу кои странски бизнисмени, политичари и менаџери на компании важни за регионалната амбиција за евроатлантски интеграции, како и новинари. Меѓу гостите и панелистите се премиерот Зоран Заев, помошникот американски државен секретар за Европа и Евроазија Вес Мичел, поранешните премиери на Грција и на Белгија Алексис Ципрас и Гај Верхофштат,  Мартин Шулц поранешен претседател на Европскиот Парламент.
Нашата држава првпат е домаќин на настанот, во организација на Економист најпознатиот неделен економски магазин кој има милионски тираж и е основан во 1843 година. Самитот во Скопје доаѓа во пресрет на очекуваната одлука за доделување датум за почеток на преговори за Северна Македонија и почеток на нова ера во евроинтеграциските процеси на Западен Балкан.
IMG-375a95fc6591e461aa4b5aac7abb6b22-VОваа година е клучна затоа што станува збор за уникатна ситуација со оглед на очекуваниот Брегзит, нов состав на Европската комисија и Европскиот парламент, но и трговските војни на САД и поместувањата на глобалната геополитичка мапа.
„Во вакви услови југоисточните земји од Европа се обидуваат да имплементираат сериозни социјални и економски реформи со цел да се приближат до побогатите земји. Северна Македонија изминатава година даде нова надеж дека регионалните конфликти може да се решат и економијата да се придвижува напред. Во овој контекст Самитот на The Economist односно Economist Events ќе биде под насловот: „Зајакнување на моментумот за европска интеграција“, потенцираат организаторите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×