Започнува истражување за нафта и природен гас во Црното Море
Објавено на од во Uncategorized

Бугарската влада и компанијата Шел ќе бараат нафта и гас во Црно море по успешните геолошки истражувања.

han kubrat

Во почетокот на април ќе започне сондажата за достапноста на нафта и природен гас во Црното Море во блокот „Хан Кубрат“.

Прелиминарни активности ќе бидат извршени во бугарски територијални води, на повеќе од 80 километри. Од брегот јужно од Бургас на длабочина до 3000 метри под морското дно. Операциите ќе продолжат приближно 3 месеци.

Во 2016 година Владата даде дозвола на Шел за пребарување и истражување на нафта и природен гас во истиот блок “Хан Кубрат”, каде компанијата спровела успешни геолошки истражувања.

„Почетните геолошки истражувања се оптимистични и им посакуваме успех на колегите од Шел бидејќи нивниот успех ќе биде успеџ и за Бугарија. Ова можеби е една од најреалните форми на диверзификација на изворите на снабдување со енергија, нешто што нашата влада сака да го направи “, рече министерката за енергија Теменужка Петрова

Овој процес е многу важен за нас. Ние постојано бараме од каде треба да купиме гас – без разлика дали од југ или исток. Префериран извор е ако можеме да добиеме гас од Бугарија “, рече Томислав Дончев, заменик-премиер на Република Бугарија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×