Започнува новиот циклус на приватизација во Хрватска, 90 компании на продажба
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Хрватска тргнува кон нов циклус на приватизација, а една од причините е воведувањето на еврото како официјална валута.
куна евроВладата се заложи да ја забрза продажбата на своите удели во државни компании во својот акционен план на Еврозоната, пренесува ХРТ.
90 компании одат на продажба и ќе се продаваат во три рунди. Првите 30 ќе бидат објавени во септември, втората рунда продажба ќе биде комплетирана до крајот на годината, а третата во почетокот на 2020 година.
Ќе се продаваат акции во компании во кои државата има удел од само неколку проценти, а во некои, помалку од еден процент. Вопрвата рунда има голем број туристички компании.
Од компаниите во кои државата има мал удел, најмногу пари може да се добијат со продажба на акции на Хрватски Телеком.
Во овие три рунди нема да има продажба на компании во кои државата има значителни удели во сопственоста – повеќе од 15%, како што се Подравка, Кроација осигураније, пристаништето во Риека, Петрокемија…
Иако тие не се од посебен државен интерес, нивната продажба ќе биде оставена за други времиња.
Исто така, иако се споменува приватизацијата на компании како што се ХЕП, ХАЦ, Хрватски пошти, во последниве години, ова сепак не е во игра, пренесува ХРТ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×