Започнува обновувањето на Чернобил, ќе биде популарна туристичка атракција
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Областа околу Чернобил, местото каде што се случи главната нуклеарна катастрофа  во 1986 година, стана популарна туристичка дестинација.
цернобилУкраинскиот претседател Владимир Зеленски потпиша одредба која ќе овозможи  заживување на оваа област со на патеки за пешачење и подобрување мобилната мрежа, пишува Би-Би-Си.
“Чернобил досега беше дел од негативната Украина, но дојде време за промена”, рече Зеленски.
Реакторот во нуклеарната централа експлодира во април 1986 година. Радиоактивната прашина се прошири во Европа, а според податоците на ООН по оваа катастрофа контаминирани се 50.000 квадратни метри земја.
Најмалку 31 лице го загубило животот веднаш по експлозијата, но последиците се’ уште се чувствуваат и денес.
“Сакаме да направиме зелен коридор за туристите”, рече Зеленски, додавајќи дека Чернобил е единствено место на планетата каде што природата можеше да заживее по катастрофата што ја предизвика човекот. “Сакаме да го покажеме ова место на светот, сакаме научници, екологисти, историчари и туристи “, рече претседателот на Украина.
И покрај покаченото ниво на зрачење, илјадници туристи секоја година пристигнуваат во Чернобил.
Новата одредба ќе го регулира превозот, како и контролните пунктови, а ограничувањата за снимање ќе бидат укинати.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×