Започнува со работа фондот за школување и вработување на БЕФ
Објавено на од во Економија
Balkan Economic Forum (БЕФ) во соработка со веб-академијата Еверест и со финансиска поддршка на Sparkasse, го објави денес својот прв јавен повик за кофинансирање стручни студии во област на веб-развојот.
befПроектот има две цели. Прво, оспособување на одбраните кандидати за позицијата Front-end developer, а потоа по студиите да им биде понудена помош за наоѓање работа.
Студиите ќе се изведуваат на далечина, со поддршка на ментори. Учењето ќе се реализира како комбинација од следење видеолекции, самостојна работа на практични задачи и онлајн консултации со ментор.
Одбраните кандидати ќе добијат покривање на 80% од трошоците за студиите, а обуката им е наменета, пред сѐ, на невработени лица, вклучувајќи и студенти, при што приоритет ќе имаат деца без родители, деца на самохрани родители и лица со посебни потреби.
Пријавувањето на кандидатите трае до 21 јули, а се врши на веб-страницата на BEF.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×