Запознајте ги енергетски најефикасните градови во светот
Објавено на од во Економија

Градовите се центри на иновација и култура, но исто така и големи потрошувачи на природни ресурси. За среќа, некои градови во светот работат посветено за да го намалат своето штетно влијание врз животната средина и стануваат пример за “позелено“, повеќе енергетски ефикасно живеење. Со помош на вебсајтот inhabitat.com ви претставуваме дел од овие метрополи.

 

Rejkjavik

Рејкјавик планира да функционира без фосилни горива до 2050 година.

 

 

Рејкјавик, Исланд

Зелени иницијативи: Рејкјавик се потпира на обнолвива хидро и геотермална енергија за да обезбеди струја, греење и топла вода за своите 120.000 жители. Кон средината на 2000-те градот почна да воведува градски автобуси со погон на водород, кои што во воздухот исфрлаат само чиста водена пареа.

 


Portland

Портланд има поставено цел за 100% потпирање на обновливи извори на енергија.

 

Портланд, САД


Зелени иницијативи:
Голем број жители на Портланд се еколошки освестени и користат во голема мера велосипеди, а градот ги замени конвенционалните улични светилки со ЛЕД светилки за да ги намали емисиите на CO2. Портланд направи парк покрај брегот отстранувајќи булевар со шест ленти во 1970-те.

 

 

Vankuver

Во 2012 година Ванкувер донесе акциски план да стане светскиот најзелен град до 2020 година.

 

 

Ванкувер, Канада

Зелени иницијативи: Хидроелектричната енергија веќе е застапена во 90% од снабдувањето на градот, додека останатите 10% се обновливи извори како ветер, сонце и морски бранови. Ванкувер е меѓу светските градови со најниска емисија на CO2 по глава на жител.

 

 

 

Offshore-Windpark Middelgrunden / Offshore wind farm Middelgrunden

Копенхаген планира да биде првиот главен град во светот со нула емисија на СО2 до 2025 година.

 

Копенхаген, Данска

Зелени иницијативи: Копенхаген има голема инсталација на ветерници во морето, а преку една третина од жителите возат велосипед секој ден. Зелени покриви се шират со голема брзина низ градот, правејќи подобра изолација за зградите и овозможувајќи и на водата да се апсорбира побавно, со што се намалува товарот врз канализационите и отпадните канали.

 

 

San Francisko

Граѓаните на Сан Фрнациско на референдум изгласаа градот да се задолжи со обврзница од 100 милиони долари за да финансира соларни панели, енергетска ефикасност и ветерници за потребите на јавните служби.


Сан Франциско, САД

Зелени иницијативи: Сан Франциско рециклира преку 75% од отпадот што го исфрлаат неговите 850.000 жители. Градот резервира околу 20% од својата површина за паркови и е лидер во промовирањето на електрични возила. Сан Франциско забрани пластични ќеси што не се рециклираат и пластични играчки обоени со сомнителни хемикалии.

 

 

 

 

Oslo

До 2030 година, Осло планира да ја намали емисијата на СО2 за 50%, додека цела Норвешка треба да емитува нула СО2 до 2050 година.

 

Осло, Норвешка

Зелени иницијативи: 80%од греењето на Осло се покрива од обновливи извори на енергија, главно од био-метан што се добива од градскиот отпад. Градот исто така користи “интелигентни светла“ што го прилагодуваат  интензитетот во зависност од временските и сообраќајните услови, со што многу се подобри енергетската ефикасност.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×