Запознајте го Bellabeat, најбрзорастечкиот хрватски стартап
Објавено на од во Start-up

Sandro-Mur-WEBКако се станува компанија од милијарда долари

Паметните приврзоци Leaf што ја следат здравствената состојба на корисникот досега се продадени на светскиот пазар во преку 400 илјади парчиња со просечна цена од 100 долари. Зад Leaf стојат хрватскиот математичар Сандро Мур и словенечката уметница Уршка Скршен со нивниот стартап  Bellabeat  кој што формално е со седиште во Силиконската долина во САД, а оперативно функционира од Загреб. Американските инвеститори во моментот ја проценуваат вредноста на компанијата на преку 500 милиони долари, а до крајот на 2017 се очекува да се пробие границата од една милијарда долари.

 

Пред две години загрепскиот математичар Сандро Мур и словенечката уметница  Уршка Сршен со својот стартап Bellabeat влегоа во еден од најпрестижните американски стартап инкубатори Y Combinator. Bellabeat денеска заедно со Римац автомобили е најуспешен хрватски стартап. Мур тврди дека достигнале месечен обрт од 5,5 милиони долари и дека месечно растат со стапка од 20%.Тоа е повеќе од било кој стартап. До крајот на 2017 година очекуваат дека вредноста на Bellabeat ќе биде поголема од милијарда долари, што значи дека е на пат да стане прв хрватски стартап “еднорог” (unicorn).Затоа Мур уште денес зборува дека сака да бидат поголеми од Агрокор. И додека многу во Хрватска се чудат, основачот и сопственик на Атлантик Група, Емил Тедески тоа не го смета за необично. Bellabeat моментално произведува и продава паметни приврзоци  Leaf кои ја пратат здравствената состојба на сопственикот, засега главно жени. За речиси две години од лансирањето успеале да продадат 400 илјади парчиња. Со цена поголема од 100 долари по парче едноставно е да се пресмета дека досега со овој иновативен производ е направен промет од околу 40 милиони долари.

Во Лас Вегас ја склопија најголемата поединечна продажба за некој хрватски стартап досега со вртоглави 42 милиони куни или околу 5,6 милиони евра. Седиштето на Bellabeat формално правно е во Силиконската долина. Меѓутоа, бизнисот се води од петкатницата во центарот на Загреб, каде фирмата вработува стотина експерти – инженери, дизајнери, итн. Во Загреб за прави развојот, тестирање, дизајн, координација и целата администрација. Во Лондон Bellabeat има оперативци за маркетинг, а во Кина за производство. Силиконската долина им е значајна заради инвеститорите. Во Bellabeat досега инвестирале актерката Џесика Алба, креаторот и водечки програмер на Gmail, Пол Букеит, основачот на TechCrunch, Мајкл Арингтон, еден од 100-те најбогати луѓе Николас Бергруен, како и Рон Конвеј, еден од најпознатите инвеститори во Силиконската долина и човек кој меѓу првите вложи во Google и PayPal.

Понатаму, во Bellabeat вложил Universal Music Group, како и инвестицискиот фонд GGV Capital, кој во светските финансиски кругови се споменува како вложувач кој меѓу првите кои го препозна потенцијалот на Alibaba.

Сандро Мур има 26 години и фокусиран е само на бизнис. И додека за бизнисот зборува многу, всушност кажува многу малку. Дел од тајната на неговиот успех е со доза на мистериозност. Затоа интервјуто го започнавме од почетоците на Bellabeat и фактот кој е јавен: љубовната врска помеѓу Мур и Уршка Сршен. Во стартапите всушност односите внатре во тимот се клучна одредница за потенцијалот на нивниот успех. Ви го пренесуваме интервјуто што со него го направи хрватскиот портал Poslovni.hr.

Sandro-Mur-WEB-01

Уршка во промотивниот филм на Y Combinator рече дека вашиот стартап се формирал некаде помеѓу Словенија и Хрватска. Словенците пак Bellabeat го сметаат за свој стартап?

Bellabeat e хрватски стартап. Тука нема двоумење. Се основаше во Загреб, тука му е седиштето на операциите, сите вработени, а и Уршка, иако е Словенка живее во Загреб. Bellabeat  е загрепска, хрватска компанија.

Како всушност се основаше Bellabeat?

Донекаде има вистина дека Bellabeat го направивме за да преживееме како пар. Но, јас тоа би го опишал малку поинаку. Уршка во Загреб не можеше да најде работа, а со изложбите не можеше да заработува. Сурова вистина е дека треба некако да се заработува за живот, па та и за оној заедничкиот живот. Едно од решенијата беше да направиме стартап. Така го споивме помагањето на луѓето и подобрување на здравството со можност за заработување.

Сакате да кажете дека Уршка како еден од ко-основачите на највредниот стартап во Хрватска не можела да добие работа во Хрватска?

Да. Уршка е Словенка, а за да вработите странец во Хрватска, морате да докажете дека ниту еден Хрват не е соодветен за таа позиција, па дури потоа можете да добиете дозвола да вработите странец. Постојат одредени квоти, процедури заради кои да се вработи некој странец во Хрватска е навистина тешко.

Како го направивте првиот производ? Сами го работевте на 3Д принтер…?

Не, тоа не се работи така. Ако ви треба хардверска компонента во производите, прво ќе побарате готова преку интернет во Кина. Ќе го додадете своето знаење и корисничко искуство, во нашиот случај софтвер и мобилна апликација и тестирате дали тоа работи. На крајот, целиот производ го брендирате под свое име и го тестирате на пазарот. Нашата иновација беше собраните податоци можат лесно да се пратат преку Интернет и да се споделат со лекарите. Дури кога добивме капитал направивме и сопствен хардверски дел. Денес целото производство се работи внатрешно во Bellabeat, а хардверот самите го произведуваме во Кина. По овој пристап можете да видите кој ќе иде успешен. Најдобрите основачи секогаш ќе се снајдат. Нам не ни беше пречка тоа што во Хрватска тогаш не се произведуваше тој хардвер. Така се однесуваме и денес. Имаше моменти кога имавме 20 вработени и само 2.000 евра на сметка, но се снајдовме. Тоа е главната работа која ќе научите да ја правите кога основате стартап.

Како го решивте тој проблем со 20 вработени и 2.000 евра на сметка?

Отидовме по уште една иновација. Често се пишува дека одеднаш подигнавме вложување од 4,5 милиони долари. Но, тоа не се случува преку ноќ. Тоа одеше во бранови.

Sandro-Mur-WEB-02
“Стартапот од почетокот беше битка за преживување во заеднички сон“

Пред да влезете во Y Combinator  и да почнете да добивате инвестиции, моравте да соберете 5.000 евра, колку што чинеше таа прва верзија на вашиот производ. Тоа беше производ кој во Y Combinator ги увери дека можете да создадете многу повеќе. Како го направивте тоа? Дали ти и Уршка имате богати родители кои можеа да ве финансираат?

Не, немаме. Мојот татко е инженер, а мајка ми хемичарка. Ме научија на преживување и ми помогнаа да изградам самодоверба. Првите пари ги освоивме во Сплит и тоа беа 10.000 евра. Потоа победивме на едно натпреварување во Германија и добивме 15.000 евра. Потоа купив карта за Кина и таму набавив хардвер. Со кабел го споив на мобилен телефон и сфатив дека со тој софтвер нема да можам да работам, па заедно со пет пријатели програмиравме нов софтвер.  Подоцна кога дојдовме до 80.000 евра од натпревари отидовме во САД, каде живеевме во еден стан. Значи ова не е резултат на земање на кредит во банка. Тоа од почетокот беше битка за преживување во еден заеднички сон.

Вистина е дека Уршка заради тебе ја напуштила академската кариера и го купила својот прв компјутер и научила да користи Photoshop?

Кај стартапите е најважно да ги соберете најдобрите луѓе. Затоа беше пресудно во Bellabeat  да биде и Уршка. Направив с$ за да се откаже од кариерата на уметник. Половина година се трудев и ми успеа. Се врати од Хелсинки и сега живее во Загреб. Таа студираше да биде уметник, а денес работи во технолошка компанија. Но, тоа е убавината на животот и работата денеска. Се стана мултидисциплинарно. Затоа и уметник може да почне да работи нешто друго, и да скока од една област во друга. Убавината на постоење на различни луѓе во тимот е во тоа да дознаете и видите нови различни перспективи, а кога на тоа ќе додадете и паметни луѓе кои се снаодливи, имате добар дел од решението за успех. А на мене е да ја пренесам еуфоријата и да поттикнам на нови предизвици.

Дали вие двајцата сe уште сте заедно?

Да, три години веќе. Врската ја почнавме малку пред Pioneers во Виена, каде што ни се отвори вратата за Y Combinator. Заради нејзините студии во Хелсинки, требаше да се разделиме. Но, собрав с$ во едно – нашата врска и нашата работа, и мислам дека направив добар производ.

Bellabeat продава производи на жените. Зошто тогаш во медиумите се појавуваш ти, а не Уршка?

Жените се нашата стратегија. Не визија. Bellabeat сака да им помогне на сите луѓе да живеат поздраво. Но, им дадовме приоритет на жените затоа што тоа е најдобриот пат за да успееме во таа визија. Мислам дека Уршка ја има во медиумите многу повеќе од мене. Таа е лицето на компанијата. Мене во јавноста ме има многу помалку. Но, не верувам дека жените подобро продаваат на жени. Истражувањата покажуваат дека 80% од жените повеќе му веруваат на машки гинеколог одошто на женски. Правилото е дека спротивниот пол продава.

Како развојот на Bellabeat влијае на вашата врска?

Bellabeat  практично е нашата врска. Нема разлика. Ние двајцата се љубиме и караме и во врската и во компанијата. Мислам дека тоа што можеме отворено да го решиме секој конфликт ја направи нашата врска поцврста. Да се води стартап значи цело време да се биде под притисок и постојано да се донесуваат одлуки.

Затоа што сме отворени еден кон друг добро знаеме што мислиме еден за друг. Така излегува дека Bellabeat е всушност најдобар тест за нашата врска. Свесен сум дека кај нас има мажи што сакаат да ја водат работата без да им се меша жена во неа. Но, ако јас сакам Bellabeat да биде уште поголема приказна и Уршка го сака истото, тогаш е одлично што можеме заедно да работиме и уште подобро да се запознаеме.

Како се забавувате кога не работите? Дали сe уште кајтсурфате?

О, да, обајцата сакаме да кајтсурфаме. Минатиот пат бевме на Пељешац. Тоа ни беше првиот мини одмор во шест месеци. Кога сме во Загреб, не излегуваме. Не одам навечер по клубови, не седам денски по кафулиња. Работам. Во моментов, Bellabeat ми е приоритет. Свесен сум дека на Уршка ѝ е малку потешко што не излегуваме, но уверен сум дека трудот ќе ни се исплати.

“Компромиси околу работата не се прават“

Што ви е вам лично најголем предизвик во водењето на Bellabeat?

Комуникацијата. Јас сум затворен по природа, а да создадете и водите успешна фирма мора да сте добри во комуникација. Таа мора да тече и по хоризонтала и по вертикала. На тоа работам секој ден.

Кој совет би го дале на другите основачи на стартапи?

Немојте никогаш да правите компромиси со вработените околу самата работа. Со секој член од тимот бидете потполно искрени. Да, затоа можеби понекогаш ќе загубите некого. Но, ќе загубите многу повеќе ако решите да премолчите. Тоа е нешто што го научив на сопствената кожа.

А, што ако наидете на таква ситуација со Уршка, затоа што во стартапот можеби нема компромиси, но во врската сигурно има?

Кога се многу луѓе вклучени, тогаш околу работата не правите компромиси. Не важи тоа само за Уршка и мене. Имаме уште двајца клучни луѓе: Морена е извршна директорка, а Марко е главен за технологија. Тука се и другите. Главно, правилата се исти за сите.

Најважно за стартапот се квалитетните луѓе, а вие не криете кои ви се вам клучните луѓе. Не се грижите ли дека можеби некои ќе ви ги преземе, давајќи им подобри услови? Дали им дадовте добри плати и удели?

Сите наши клучни луѓе имаат и плати и удели. Но, не се овде само заради тоа. Важно ми е дека сакаат да работат овде, дека нашата врска е цврста и дека веруваат во нашата цел. Ако некој сака да си оди, би ми било мило да го стори тоа што порано. Секој стартап се заснова на тоа да давате 100% од себе. Нема смисла да давате 75% или третина. Секој член на стартапот е важен, затоа што можеби некој инженер ќе открие нешто што ќе ни го скрати синџирот на набавка и така ќе ни донесе конкурентска предност. Се грижиме едни за други. Некои од луѓето во Bellabeat сигурно ќе посакаат да направат нешто друго во одреден момент. На тоа сме спремни. Ќе им помогнеме. Мислам дека тоа е начинот на кој што се гради екосистем и кој што може да ја крене целата економија на Хрватска.

Што мислите со тоа да ја крене целата економија на Хрватска?

Skype со скандинавски основачи и естонски програмери знаеме што направи. Се продаде на крајот на Microsoft за 8,5 милијарди долари, а ги крена економиите и на Естонија и на Финска. Се појавија и други стартапи, почнаа да се вртат акции, се разви цел екосистем. Тоа не е нешто што може да го постигнете, на пример, со Конзум. Да се занимавате со малопродажба, значи да правите големи капитални вложувања за географски ограничена популација на потрошувачи. Да водите стартап значи да имате глобална публика, технологија што е евтина, така што главното ограничување ви е креативноста. Еден инженер нам може да со некоја иновација да ни овозможи да добиеме илјадници нови корисници, а Конзум не може да го направи тоа. Хрватска може да работи на тоа фирми како Bellabeat да вложуваат во бизнис проекти на своите поранешни вработени. Тие пак, да вложуваат во своите поранешни вработени и тоа ќе овозможи многу брз раст на економијата. Луѓето денес многу грешат кога ќе кажат дека е тешко да се направи бизнис. Не, никогаш не било полесно. Проблемот е што денес е потешко да се успее од било кога порано. Тоа во Хрватска не се чувствува најдобро заради многубројните пазарни протекции. Меѓутоа, глобално технологијата толку брзо напредува, така да што и да направите мора да имате брза реализација, значи брза продажба, за да го одржите пазарниот момент. Додатно, наш проблем е што живееме на Балканот, додека трендовите настануваат во Силиконската долина. Погледнете ја на пример филмската индустрија: првата асоцијација е Холивуд, затоа што таму се раѓаат филмските трендови. Еве, да речеме, некој во Хрватска да направи одличен филм. Тој денес не може да стане светски блокбастер. Не затоа што не е добар производот, туку затоа што добар филм претставува само 20% од работата со која што се бави филмската индустрија. Тоа е главниот проблем за бизнисот во Хрватска. Овде луѓето не размислуваат како светот ќе изгледа за пет години.

“За пазарна вредност од  милијарда долари мора да имаме месечен промет од 10 милиони долари.“

Што мислите вие, како ќе изгледа светот за пет години, секако, во бизнисот во кој што е Bellabeat?

Според мене, иднината на здравството е во превентивната заштита. Ние денес се лекуваме така што одиме на доктор, а не со подобрување на начинот на кој што живееме. Верувам дека Bellabeat е гласник на новиот тренд во кој што трендот всушност е здравјето. Погледнете го McDonalds. Луѓето денес не готват, затоа што McDonalds ја направи прехраната лесна задача. Можеш да добиеш јадење и од автомобил, па луѓето дома не готват зеленчук. Ние сакаме тоа да го постигнеме со здравјето. Сакаме негувањето на здравјето да ви биде лесна задача.

Како планирате да го постигнете тоа?

Преку едноставноста. Нашите уреди немаат ниту екран, ниту копче. Тие само помагаат. Затоа од првиот кинески хардвер па с$ до нашиот сопствен најмодерен следач на здравјето Leaf ниту еден наш производ немаше екран. Ни оди одлично и верувам дека во блиска иднина ќе бидеме поголема компанија одошто денес се Siemens и Philips.

Вашата извршна директорка објави дека Bellabeat во моментов вреди 300 милиони долари. Вие споменавте дека целта ви е до крајот на 2017 година да достигнете вредност од една милијарда долари. Како?

Триста милиони е стара евалуација. Сега вредиме повеќе. Месечно правиме промет од 5,5 милиони долари и на месечна основа растеме по 20%. Профитабилни сме, си ги плаќаме сметките и неверојатно растеме. По летово ќе имаме нова инвестициска рунда и верувам дека интересот на вложувачите ќе ја потврди големата пазарна вредност. На крајот стратешки целиме кон ИПО – иницијална јавна понуда на акции.  Нормално, секогаш е можно да дојде конкуренција или основачите да одлучат поинаку и тогаш во предвид доаѓа  и стратешко преземање. За да достигнеме евалуација од милијарда долари мора да имаме месечен промет од 10 милиони долари.

Значи ли тоа дека моменталната евалуација е 550 милиони долари?

За жал, не смеам јавно да зборувам за нашата евалуација.

Што ја објаснува таквата евалуација? За една година продадовте 400 илјади Leaf-ови. Треба толку да продавате и следните 10 години само за да соберете приход еднаков на таа евалуација, а да не зборуваме за добивката, значи поврат на вложеното. Значи ли тоа дека на инвеститорите им претставивте и некои други производи, или пак дека имате некои технологии кои што вреди да се платат. Како планирате повеќекратно да ги мултиплицирате своите приходи и паралелно да ја скалирате добивката?

Евалуација е цената на компанијата што зависи од побарувачката. Тоа е клучно во играта со евалуацијата. На некои бизниси или на некои луѓе им е во интерес да бидат дел од Bellabeat  и затоа инвестираат според такви евалуации. Тие може да претпостават што Bellabeat може да стане и каков интерес ќе имаат тие од тоа. Најдобар пример е стартапот WhatsApp кој што го продадоа за 19 милијарди долари. Дали е тоа вистинската цена на WhatsApp? За мене не е. За Facebook е.

Колку ве поддржуваат во Хрватска?

Пријатно сум изненаден од поддршката на домашен терен. Овде продадовме повеќе од 1000 Leaf-ови. Мислам дека ги купуваа луѓе што навистина сакаат да бидат дел од нашата приказна, затоа што во САД е поинаку, каде што луѓето само ги “пеглаат“ картичките и цената на Leaf не им е воопшто некој трошок. Големо благодарам на купувачите во Хрватска.

Дали кај вас работат само инженери од една и топ модели, односно амбасадорки на брендот, од друга страна?

Не. Вработуваме 60 инженери меѓу кои има електротехничари, софтвераши, како и три инженери по механика. Покрај тоа вработуваме 50 дизајнери кои што работат дизајн на производот, на корисничкиот интерфејс, на корисничкото искуство и други дизајнерски задачи. Постојано вработуваме, IOS инженери, Android инженери, Firmware инженери, Java инженери, итн…

Додека другите се жалат дека не можат да најдат вработени, дали тоа вам ви е проблем со оглед на плејадата славни што ве следат? Можете ли со славата да ги фасцинирате своите вработени?

Ситуацијата во Хрватска е тешка, така што луѓето не ги фасцинираат таквите приказни. Инвеститор може да ни биде било кој, но с$ додека немаме добар производ и приход, тоа е како да н$ нема.  Нашите инвеститори во Хрватска се добри само за привлекување медиуми, а не и вработени.

Запознавте многу славни. Каков впечаток оставија на вас?

Најдобро е славната личност која што навистина ја обожувате, никогаш да не ја запознаете во живо. Да, тоа се с$ обични луѓе на кои што е применето многу маркетинг. Но, понекогаш ќе ви распрскаат некои фантазии. Мене не ме фасцинираа.

А, што кога ќе дојдат познати инвеститори? Листата е долга  – од Џесика Алба до Рон Конвеј. Дали некој од нив ве фасцинираше?

Сите наши инвеститори лично ги запознав. Интересен ми е нашиот најнов инвеститор Али Роугани. Тој е поранешен оперативен директор на Twitter  и финансиски директор на Pixar. Неверојатен оперативец и навистина импресивен човек. Би рекол дека како менаџер сум едно 20 класи под него. Тој ме инспирира.


Kanarski-ostrovi-WEBНевиден менаџмент на човечки ресурсидосега во регионов

Bellabeat ги носи на Канарските острови сите вработени со сe семејствата

Сандро Мур реши своите вработени да ги почести со престој на Канарските острови ова лето, што е најскапата кампања за човечки ресурси што досега е направена во Хрватска, како што пренесуваат тамошните медиуми.

Bellabeat, кој што вработува 110 стручњаци, им понудил наместо во канцелариите во Загреб, летото да го поминат работејќи и одморајќи се истовремено на  Канарските острови. Мур вели дека најмил 16 вили во гратчето Коралехо, на островот Фуертевентура. Иако не зборува за тоа колку го чинела оваа акција, според цените на порталите како Booking.com, се работи за инвестиција од 100 до 150 илјади евра.
“Ги закупивме вилите од средината на јули до почетокот на септември, па вработените може да ги донесат со себе и партнерите и семејствата. Им организиравме и превоз, а верувам дека инвестицијата, иако голема, ќе ни се врати трократно преку продуктивноста и културата на компанијата“, истакнува Мур.

Вработените на Bellabeat на Канарите ќе имаат флексибилно работно време. Ќе може да си одредат колку ќе работат, како и каде, а ќе имаат и обезбедена забава.

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×