Запознајте го Rive: Стартапот што сака да стане македонски Lime (или Bird)
Објавено на од во Компании
Учат од слабостите на своите претходници, работат напорно по 12 часа на ден на својот проект и веруваат дека уште подобар сервис за изнајмување електрични тротинети што треба да почне со работа следната пролет во Скопје.
69296046_690593148033552_7611414340435968000_n
Електричните тротинети не се повеќе нешто ново, па ниту во земјава. Деновиве гледаме стотици луѓе како ги користат низ Скопје и другите градови, а низ Европа и светот веќе се распространети и сервисите за изнајмување на електрични тротинети, од кои најпознати се Lime и Bird, кои што можеме да ги видиме и во регионов, на пример во Атина, Солун, Софија, итн. Но, не можеме да ги видиме ваквите сервиси и во Македонија, барем засега. Ова наскоро треба да се промени, откако стартапот Rive од Скопје, ќе ја пушти во функција својата апликација за изнајмување електрични тротинети, а планираат тоа да биде најдоцна следната пролет.
Како всушност функционира овој концепт? Од тоа што досега го имаме како искуство со актуелните сервиси отприлика вака: ја инсталирате апликацијата на својот смартфон, по што ќе може да ги видите сите расположливи тротинети што ви се во близина, лоцирани со помош на GPS. Пред да почнете со возењето, ја приложувате информацијата за плаќање, односно, бројот од вашата кредитна картичка. Потоа го скенирате QR кодот што се наоѓа на тротинетот и почнувате со возење. На крајот од возењето, го паркирате тротинетот и преку апликацијата потврдувате дека сте завршиле со возењето, по што се повлекува соодветната сума пари од вашата картичка.
Иако во принцип едноставно, концептот се соочува со некои проблеми, како што покажува досегашното искуство на Lime и Bird. Прво, тука се безбедносните аспекти, па од доста градови во светот овие сервиси сe’ уште немаат добиено дозвола за работа. Предизвик е и како ефикасно да се организира полнењето на овие тротинети, нивното одржување,  и сл.
„Ние будно ги следиме и проучуваме сите слаби точки што досега се појавија во функционирањето на овие сервиси и се обидуваме да најдеме решение. Затоа и подолго време ја програмираме и самата апликација, која што е практично срцето на сервисот, со цел да ги отстраниме сите багови и недоследности, какви што за волја на вистината имаат и Lime и Bird, што ги доведува во опасност од злоупотреби. Дополнително, работиме на физички станици кои што ќе се користат за полнење и сервисирање на тротинетите. Планираме да ги доградуваме станиците со цел да ја подобриме услугата во иднина, како што е полнење на батерија на телефон или Wi-Fi мрежа“, вели Никола Бабамов, еден од основачите на Rive.
……………………………………………………………………………………………………………………………………………………………….
За се’ останато што има да раскаже Бабамов за својот стартап, во којшто во моментов се петмина млади студенти по информатика и машинство, ќе може да прочитате во печатеното издание на Капитал, што излегува на 20.09, петок. 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×