Запознајте ја девојката која стои позади криптовалутата на Фејсбук
Објавено на од во hi-tech & business
Младата мистериозна и непозната за јавноста, Морган Белер (26), вработена во Фејсбук, е девојката која стои зад најновата светска криптовалута, Либра и платформа Калибра.
либра хероинаВо компанијата е непосредно пред развојот на Librа, и во тоа време работела во одделот за развој каде што развивала различни видови платформи и блокчеин технологии.
Како главен застапник за криптовалутите, таа смета дека социјална мрежа со повеќе од две милијарди корисници мора да продолжи во чекор со времето и да влезе во светот на дигиталните пари.
Така, во мај 2018 година, успева да го убеди раководството на компанијата во својата идеја и со тоа стана главна личност во создавање на новиот конкурент на Биткоинот, пишува CNBC.
Својата кариера ја започнува во фирмата за претприемачки капитал „Андресен Хорвиќ“, по што отиде во издавачката куќа „Медиум“, каде што постигнала одличен успех во кариерата. За време на нејзината работа во издавачката куќа, таа имала голема улога во аквизицијата на стартапот „Ембедли“.
Благодарение на нејзиниот неверојатен успех во силиконскиот гигант, реномираното списание Форбс ја вброи Белер на листата на најуспешни млади луѓе под 30-годишна возраст.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×