Запознајте ја хрватската компанија што ги победи Google и NASA
Објавено на од во Бизнис и технологија

Главна фотка stHuman, креативна агенција со човечки пристап

Пред десетина дена, оваа мала креативна агенција, којашто има 40-тина вработени во Загреб и Осиек, ја освои наградата Webby, којашто претставува всушност „Оскар“ во онлајн светот, за изработката на своја веб страница www.humaninteraction.com. Па така, ги демантираше сите народни мудрости и докажа дека сепак „кај берберот е најдобриот мустаќ“. Не е мала работа. На глобалниот натпревар, што се одржува од 1996 година, пристигнале повеќе од 13.000 проекти од 70 земји во светот, а меѓу финалистите Human ги победил големите имиња, како HBO, NASA, Spotify и Google.

 

Novac.jutarnji.hr
Чевларот има најлоши чевли, вели старата народна, сугерирајќи дека секој што на друг му завршува некаква работа, сам себеси не може да си помогне. Но, погрешно. Да е навистина така, хрватската креативна агенција Human, којашто изработила веб страници за компании како A1, Podravka, RTL, Diners, итн., никогаш не би го добила признанието за најдобра веб страница на светот. Нивната сопствена.
Пред десетина дена, оваа мала креативна агенција, којашто има 40-тина вработени во Загреб и Осиек, ја освои наградата Webby, којашто претставува всушност „Оскар“ во онлајн светот, за изработката на своја веб страница www.humaninteraction.com. Па така, ги демантираше сите народни мудрости и докажа дека сепак „кај берберот е најдобриот мустаќ“. Не е мала работа. На глобалниот натпревар, што се одржува од 1996 година, пристигнале повеќе од 13.000 проекти од 70 земји во светот, а меѓу финалистите Human ги победил големите имиња, како HBO, NASA, Spotify и Google.
„Кога пред година дена почнавме да ја редизајнираме нашата страница, не ни беше целта да освојуваме награди, но, секако, ова е големо признание, особено за фирма од таму некој си Балкан. Се надеваме дека ова ќе ни овозможи да зачекориме и на странските пазари и да дојдеме до некои силни странски клиенти“, вели директорот на агенцијата, Вања Берталан.
Со Берталан, несудениот тренер по тенис и фанатичен ИТ-овец уште од почетокот на интернетот во 90-тите, екипата на Jutarnji се сретнала во загрепската канцеларија на Human, инаку поранешна зграда на Хрватскиот фудбалски сојуз. Ги дочекал седејќи во дворот под балдахинот, во манирот на ИТ гуру, со прекрстени нозе, држејќи го лаптопот в скут. Изморено ги триел очите и им признал дека претходната ноќ „заглавил“ со клиенти. Тоа е, како што им кажал, понекогаш и дел од нивниот креативен процес, деловна филозофија.
„Затоа и го зедовме името Human, затоа што пристапуваме човечки. Кога работиме некој проект, прво се затвораме во соба со клиентот едно три дена, понекогаш и повеќе, колку што е потребно. Тоа е деловен состанок, но и дружење, обид да се ставиме на нивно место. И така се’ додека не го претресеме секој аспект на тоа што тие го сакаат, од дизајн, функционалност, однос со корисници…“, објаснува Берталан.
Balkan start up-4Шегување со сопствената бранша, но до граница на пристојноста
Истата метода, во изработката на победничката веб страница, ја примениле и самите на себе. После година дена програмирање, дизајнирање и обмислување, готов производ била веб страница што ја дизајнирале веб дизајнери за да го промовираат својот веб дизајн. И јасно, тоа не можеле да го направат поинаку одошто да си поиграат со дизајнот од “мета“ позиција, со иронична дистанца.
Посетителите на страницата со првото доаѓање „на гости“ кај Human ќе видат кратки видеовизуали на тастатура, глувче и екран преку коишто нежно, презентерски, поминува рака. Се чувствува атмосфера на евтина Топшоп реклама, а human – oвците си играат мајтап со тие вообичаени мотиви од рекламните спотови. Се појавува тука и незаобиколниот чистач за прашина на телескопска дршка, собирајќи прашина од информатичката опрема којашто е и онака изгланцана до сјаење, како тоа веќе бива. На друго место, пак, рѓосана пила на пола пресекува спортска обувка Reebok, oбидувајќи се, како што е и редот, да дојде до суштината на она што всушност е спортската патика. Со една реченица, Human визуелно, но и промислено се шегува со креативната бранша на којашто и самиот ѝ припаѓа, деконструирајќи ги притоа и сопствените методи.
На прашањето дали е тоа рискантен обид којшто лесно можел да отиде во погрешна насока, Берталан потврдно кимнува со главата.
„Знам што сакаш да кажеш, можевме многу лесно да испаднеме бунтовници без причина и да ја преминеме границата на добриот вкус. Меѓутоа, нашата идеја беше да се приближиме кон таа граница колку што можеме, но не и да ја поминеме. Мислам, дека на крајот во тоа и успеавме, а наградата тоа го потврдува.“, вели тој.
Колку самосвесно пристапуваат кон својата работа сведочат и нивните канцеларии сместени на два ката во поранешниот “фудбалски дом“. Веднаш на влезот се истакнува живописно исцртаниот ѕид со натписот Humana во средината. Не сакаат бели ѕидови, се чини, па дури и во ходниците обесиле на ѕидовите минималистички, поп – арт постери. Биле во потрага по плакати што би ги врамиле, но сите достапни на интернет, вели Берталан, биле визуелни клишеа и излитени фрази. Затоа направиле свои, уникатни, вдахнати со интерна канцелариска зафрканција. На пример, постерот што ја прикажува фамозната лименка на супата Campbell од Енди Ворхол, преобликуван е во “Samo jar“(теглата „Само“). Секој пат кога некој ќе дојде со забелешката „Се’ е супер, само…“, мора да стави пет куни во „Samo jar“. Не го сакаат зборот „само“, само немој да кажете само…
Интересен е и детаљот со нацртаниот робот, којшто наместо електронски овци, сонува за машина за телепортација. Како што пишува во стриповското облаче над главата „работиме на случајот со машината за телепортација, а во меѓувреме, ве молиме, користете ги скалите“.
Екипата на Jutarnji го послушала роботот и се упатила долу до лаунџ просторот, каде што вработените се собираат за време на паузите. Посетителот веднаш од скалилата ќе налета на фин дрвен шанк. Директорот веднаш ги понудил со кафе со згодно објаснение зошто шанкот е токму на тоа место.
„Да, го наследивме. Остана уште од времето на ХНС, а ние, се разбира, го задржавме. Зашто и да не“, се правда. На ѕидот околу шанкот закачени се фотографии од веселите вработени од пригодните канцелариски забави, како и уште еден голем постер со минималистички дизајн, кој што, да нема забуна, вработените ги потсетува за “5П“ (пет пива во петок после работа – pet piva petkom poslije posla, на хрватски, н.з.)
„Ако имаме банкари на првиот состанок, тогаш обично ги носиме овде“, вели Берталан, поканувајќи ја екипата потоа во просторијата покрај лаунџ просторот. Тоа е соба за состаноци којашто наместо изгланцана маса, во средината има маса за пинг – понг. И околу неа столчиња.
Нема нешто што повеќе вреска со пораката „ние сме младешка, кул ИТ компанија“ одошто маса за пинг – понг (можеби Плејстејшн и вреќите за седење). Повеќето хрватски ИТ компании ја имаат, но ретки ја имаат за на неа да не играат пинг – понг, туку зафркантски да ги сепнат своите клиенти во скапи костуми коишто доаѓаат со поинакви очекувања. Ова е уште еден human – овски пресврт што ја подрива врежаната ИТ иконографија.
Balkan start up-41Програмери и „филозофи“
Се’ се сведува на тоа, како што вели Берталан, да го живееме постдигиталното време.
„Затоа таа вечна борба помеѓу некаков традиционален пристап и оној модерниот, дигиталниот, всушност е тотално промашена. Бидејќи сите го живееме и едниот и другиот, да се има знаење само од програмирање не е повеќе доволно, барем не во концептот на Human. Тоа добро го илустрира и фактот дека во агенцијава којашто врие од програмери имаме и неколку ‘филозофи’“, вели директорот.
Еден од нив, Марио Микиќ, 27 – годишен раководител на одделот за креатива во Human, студирал на Филозофскиот факултет (филозофија и лингвистика) и е еден од креативните движечки сили на агенцијата. Исто така и доказ дека девелоперските фирми денес не можат да преживеат само со типкачите на кодови ако сакаат да понудат нешто свежо. Дури и според зборовите на неговиот шеф Берталан, „екипата од Филозофски“ денес станува се’ повредна работна сила во ИТ секторот.
„Затоа што, за разлика од ИТ – евците, овие своите студии ги поминуваат во разговор со луѓе, се занимаваат со луѓе и полесно им е во комуникацијата да дојдат до тоа што всушност клиентот сака. Ние, во се’ што работиме, мораме тоа да го работиме така што на ум да ги имаме корисниците на тие веб страници или апликации, а тоа се луѓето, обичните луѓе. Програмерот, од друга страна, којшто своите студии ги поминува претежно пред компјутерот, потешко ќе доаѓа до тие согледувања“, објаснува Берталан.
Но, за да не излезе дека традиционално невработливите „филозофи“ конечно добиле цена на пазарот на труд, а на програмерите, почнале да им ја преземаат и работата, Берталан истакнува дека нивниот идеален вработен, е всушност, оној со „Т облик“. Т облик?!
„Тоа е сликовито објаснување, а значи дека е добро вкоренет во она што го работи, девелопмент, програмирање, дизајн, како долниот дел од буквата Т, но исто така има и хоризонтална ширина на знаења, општа култура која му овозможува да ги разбере и другите оддели со коишто соработува“, вели директорот.
Такви нема премногу, додава, тешко се наоѓаат, но неколку имаат и во своите канцеларии. Дури, имаат вработени што се во фирмата и подолго од 15 години.
„Претходно тоа се викаше Веб Мастер, стара школа, програмер што воедно е и дизајнер, креативец и продавач. И јас бев еден од тие на почетокот. После тоа почнаа потесните специјализации, коишто делумно се задржани и денес, но ми се чини дека трендот на Веб Мастерот повторно се враќа, а тоа е триаголник што и мене лично многу ми се допаѓа, комбинација од креатива, развој и бизнис“.
Balkan start up-5Партнерство што започнало со караница
Инаку, агенцијата Human, којашто пред ланскиот редизајн се викала Burza (Берза, н.з.), основана е уште во средината на 90-те. Основач бил Марио Стипановиќ којшто во тоа време ја покренал веб страната Burza.hr, своевиден деловен адресар, а денес обајцата ја водат Human.
Како што вели Берталан, тие двајцата прво се искарале на еден, во тоа време опскурен форум, на којшто Стипановиќ барал веб дизјанер за својата страница, а после тоа му понудил работа на Берталан. Се сретнале, се запиле, заклучиле дека слично размислуваат и тргнале во заеднички бизнис потфат. Берталан тогаш имал 25 години, а нивното партнерство трае и до ден денес.
Burza.hr набрзо станала web.burza, а во тој облик почнале да им доаѓаат и првите задачи на почетокот од 2000-те. Така, во 2003 година ја изработиле веб страницата на RTL, а неколку години потоа и Coolinarika, страницата на прехранбениот гигант Podravka, којашто ја одржуваат и денес. Инаку, со таа страница ја освоиле и првата MIXX награда, којашто се доделува на Деновите на комуникација, а потоа, наградата ја добивале осум години по ред.
На почетокот од кариерата, во своите 20-ти, признава дека бил многу лош бизнисмен, но на тоа поле работел упорно. Би прифатил проекти од 1.500 работни часови, би ги „испукал“, а бил на половина од работата и далеку од крајот. Тоа, имало помалку врска, како што вели, со неговото лошо управување со времето, а повеќе со тоа што се губел во деталите и се обидувал да направи готов производ. Сега, вели, размислува сосема поинаку.
„Една е вистината, а тоа е дека не постои готов производ. Уште повеќе, ако работиме некоја веб страница, дури и подобро е понекогаш да се лансира верзија што не е докрај направена, а потоа да се видат реакциите на корисниците, дали се снаоѓаат, што би можело да се поправи и така всушност секогаш го довршуваш производот, а никогаш не можеш да го довршиш“, оддава тајни на занаетот директорот Берталан.
Освен за RTL и Podravka, работеле и за телекомот А1, картичките Diners, па дури и за еден њујоршки стартап Gencove. На прашањето има ли клиенти со коишто Human никогаш не би работел, Берталан е јасен:
„Со државата!“, одговара како од пушка. Ако баш и не мораат, нели.

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×