Заради кризата од Русија само лани се одлеале 151 милијарда долари
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Одливот на капитал од Русија, што се случува најмногу заради кризата во Украина и слабеењето на рубљата, во 2014 година достигна 151 милијарда долари, соопшти Централната банка во Москва.

Одливот на капитал бил за 2,5 пати поголем во споредба со 2013 година, кога изнесувал 61 милијарди долари.
За да се добие претстава колкав е овој износ на капитал може да се спореди со вкупната трговска размена на Русија која во 2014 година изнесувала 56,7 милијарда долари, што е раст во однос на трговската размена во 2013 година кога изнесувала 34,1 милијарда долари.

Централната банка на крајот на декември минатата година прогнозираше одлив на капитал од 128 милијарди долари, но тој износ се зголеми заради слабеењето на рубљата.
Само во последниот квартал ланската 2014 година одливот на капитал изнесувал 72,9 милијарди долари, во однос на 16,9 милијарди долари, колку што изнесуваше одливот во последниот квартал од 2013 година.

Додека Централната банка на Русија предвидува дека ситуацијата во 2015 година ќе се подобри, некои аналитичари сметаат дека и оваа година одливот на капитал ќе продолжи да биде многу голем.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×