Заради поевтината нафта не трпи само Русија: Саудиска Арабија во “була” 39 милијарди долари
Објавено на од во Економија

Кралството на Саудијците ќе крати плати и социјални надоместоци за да го покрие буџетскиот дефицит

Светскиот извозник на нафта бр.1, Саудиска Арабија предвидува трговски дефицит  од 39 милијарди долари за 2015 година, пишува Russia Today. Ефектот од пониските цени на нафтата, проследен со одлуката на Организацијата на производители на нафта -ОПЕК да не се намалува производството, ги притиснаа финансиите на оваа држава.

Овој дефицит е  дел од проектираниот буџет за 2015-та, што беше објавен пред јавноста на државната телевизија вчера. Предвидениот трговски дефицит ќе биде највисокиот досега.

Од саудиското Министерство за финансии велат дека ќе се обидат да заштедат пари преку кратење на платите, надоместоците и  што сочинуваат околу 50% од буџетските расходи. Но, овој потег би можел да ги разгневи корисниците на овие пари, велат аналитичарите, особено младата популација, која  што и онака се бори со секојдневното покривање на трошоците за живот.

Според Меѓународниот монетарен фонд – ММФ, околу две третини од популацијата работи во државни институции.

Буџетот за 2015-та предвидува 229,3 милијарди долари  расходи и 190,7 милијарди долари приходи. Саудиска Арабија најави дека ќе ги покрие разликата со помош на сопствените резерви. Освен Русија и Саудиска Арабија, значителниот пад на цената на нафтата што се случи годинава ги погодува и другите големи извознички, како Иран, Венецуела и др.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×