Заради загуба не се оди во стечај, но заради неликвидност, ДА!
Објавено на од во луѓе и компании

Likvidnost-WEBЛиквидносниот ризик најголем убиец на македонските компании

Работењето без добивка може да се толерира одреден период. Работењето пак, без потребната ликвидност, со која се исполнуваат дневните обврски за плаќање, не може да опстане. Управувањето со ликвидноста се сведува на управување со временското (не)усогласување на приходите и расходите, побарувањата и обврските. Меѓутоа, не секоја издадена фактура значи и приход, ниту пак предвидените трошоци се единствени што влегуваат во планирањето.

 

Проблемот на неликвидноста е еден од клучните за македонските компании, особено во услови на повеќегодишна криза. Неговите корени се само делумно економски, велат нашите соговорници на оваа тема, а во значајна мера се социолошки и рефлектираат ниско ниво на етика во работењето.

Фирмите не си плаќаат меѓу себе, ликвидноста е загрозена. Кога почна всушност таа “култура на неплаќање“?

“Праксата на неплаќање си ја почна самиот бизнис, поточно големите фирми, уште пред 17-18 години“, вели Горан Рафајловски, директор на “Рафајловски консалтинг.“

“На почетокот од транзицијата, до кај 93-94 година практично и немаше кредитирање, банките не функционираа, па ние компаниите се кредитиравме меѓу себе, со позајмици. И постоеше етика, ретко кој не ги враќаше зајмените пари. И мене ми помогнале бизнис партнери и пријатели и јас сум помогнал на други. Таму некаде 1996-97 година, одеднаш почна ‘спортот на неплаќање’ и за кусо време веќе имаше сериозни неплаќачи. Кога почнаа сопствениците – директори да го вадат капиталот од фирмите добиени за без пари во приватизацијата, затоа што добар дел од нив не знаеја како да ги водат фирмите, па гледаат да зграбат сe што може да се зграби – е тогаш се загуби системот на вредности и с$ се преврти наопаку. Подоцна во ‘маѓепсаниот круг’ на неликвидноста се вклучи и државата, која исто така почна да доцни со своите исплати кон фирмите што работеа со неа и оттогаш, повеќе од 15 години, се вртиме во тој круг.“, рече Рафајловски во неговото последно интервју во Капитал.

А, проблемот со неликвидноста нема да се реши во догледно време. Напротив, допрва ќе се влошува. Како што вели Павле Гацов, финансиски консултант, во интервјуто што го објавуваме овој број, цената на парите (каматата) ќе расте наредниот период, а ќе се намалува побарувачката на добра и услуги, ќе се влоши кредитната позиција на компаниите и сето тоа ќе ја влоши вкупната ликвидност во економијата.

“Заради политичката криза и зголемувањето на каматната стапка на благајничките записи како реакција на тоа, како и зголемувањето на стапката на задолжителна резерва на банките со валутна клаузула, ќе се намалат парите во оптек, односно ќе се затегне кредитирањето на бизнисите. Како форма на одбрана од овие надворешни негативни фактори што влијаат на ликвидноста, фирмите ќе се обидат да ги задржат своите парични средства подолго кај себе, што значи ќе ги одложуваат плаќањата, ќе гледаат да ги намалуваат трошоците, да штедат и кај што не може да се штеди, итн.“, објаснува Гацов.


Неликвидноста во македонската економија нема да се ублажи во догледно време, напротив, ќе се зголеми, велат финансиските консултанти. Кризата и мерките на монетарната власт ќе го намалат оптекот на пари во бизнис секторот, а фирмите мора поагилно да ги менаџираат своите побарувања.

Не секоја издадена фактура значи приход

Гацов вели дека вистинското решение за неликвидноста бара релаксирана монетарна политика, пораст на кредитирањето на реалниот сектор, но и зауздување на инвестициите кои се ефектуираат во само неколку гранки кои работат под “државна ладовина“, а остварените профити не ги враќаат редовно во економијата. Но, во меѓувреме фирмите мора да преживеат. Пронаоѓањето на начини за подобрување на ликвидноста не е едноставно. Продажбата застанала, неликвидноста расте, нервите се с$ потенки, а сонот на бизнисмените сe пократок. Бизнисмените во такви ситуации реактивно се изложуваат на неконтролирана продажба, брзоплета промена на деловните политики и однесување кон купувачите, и со тоа ги зголемуваат ризиците за синергиските ефекти на ненаплатливост на побарувањата и/или пад на лојалноста на купувачите.

Управувањето со ликвидноста се сведува на управување со временското (не)усогласување на приходите и расходите, побарувањата и обврските. Меѓутоа, не секоја издадена фактура значи и приход, ниту пак предвидените трошоци се единствени што влегуваат во планирањето. Секако, предвид треба да се земе и одредена мерка на несигурност, веројатност за неплаќање од другата страна, како и веројатноста за настанување на непланирани расходи како последица на оперативниот и пазарниот ризик.

Управувањето со ризикот на ликвидноста се сведува на две прашања, велат финансиските експерти: може ли компанијата доволно брзо да собере (наплати побарувања, зголеми продажба…) готовина во согласност со динамиката на доспеаните обврски за да ги плати на време; и колку брзо може да го продаде својот помалку ликвиден имот?

Ликвидноста на имотот во билансите на компаниите е различна, парите се секако најликвидниот имот, а останатиот финансиски имот исто така се смета за релативно ликвиден; залихите се средно ликвиден имот, додека материјалниот имот (недвижнини и земјиште) се најмалку ликвидни.

Пример од праксата

Да погледнеме три компании што имаат еднаков показател на ликвидноста мерен со односот на активата и краткорочните обврски, во случајов 10:1.

Компанијата А има актива од 10 милиони, како и 1 милион краткорочни обврски (што доспеваат до една година). Нејзиниот имот се состои од три милиони единици готови пари на сметка, 0,2 милиони во залихи, како и 6,8 милиони во недвижнини. Компанијата Б исто така има актива од 10 милиони, но со поинаква структура: 0,5 милиони во готовина, 5,5 милиони во залихи и 4 милиони во недвижнини. Компанијата Ц има еднаков износ на вкупна актива, но само 0,1 милиони во готовина, 0,1 милиони во залихи и 9,8 милиони во недвижнини.

Иако сите три имаат имот што е значително поголем од нивните обврски (10:1), компанијата А нема никакви проблеми со ликвидноста затоа што е во состојба веднаш да ги подмири сите свои краткорочни обврски. Компанијата Б веќе има проблем со ликвидноста затоа што мора 0,9 милиони да собере со продажба на своите залихи пред да доспејат обврските, а компанијата Ц има најголем ликвидносен ризик, затоа што нејзиниот краткорочен имот (готовина + залихи) е само 20% од краткорочните обврски, а остатокот ќе мора да го собере од продажба на недвижнини.

Примеров укажува на потребата од активно управување со ризиците од сите видови, затоа што ризикот преоѓа од еден во друг облик, а ликвидносниот ризик е главен и најопасен убиец на компаниите, затоа што заради неможноста за подмирување на своите обврски тие одат во стечај, а неретко потоа и во ликвидација, со што исчезнуваат од пазарот.


Со секое чекање на наплатата вие ги кредитирате своите купувачи
Фирмите мора да научат да пресметаат во кој момент е точката каде што мора да престанат со кредитирање на своите клиенти, односно продавање стока или услуга што ја наплаќаат по извесен временски период

Фирмите мора да сфатат дека кога продаваат стока или услуга некому, а наплатата не се врши во истиот момент, тоа е всушност трговско кредитирање. Ако направиме една паралела со банкарското кредитирање, да се прашаме: дали банките ќе ви одобрат кредит без да ви направат скенирање на финансиската состојба, вашите биланси, или ако сте нивни комитенти, без да проверат што се случува со парите што доаѓаат на вашата сметка? Се разбира дека не. Компаниите несвесни дека ги кредитираат компаниите што купуваат производ или услуга од нив, влегуваат во тие зделки без да видат каква е всушност кредитната способност на другата страна. Тука почнува коренот на проблемот со неликвидност. Фирмите мора да научат да пресметаат во кој момент е точката каде што мора да престанат со кредитирање на своите клиенти, односно продавање стока или услуга што ја наплаќаат по извесен временски период, велат финансиските консултанти. Треба да знаат кој е обртот на нивните побарувања и како со него да управуваат. Зголемената продажба може да има негативни капитални последици по компанијата. Таа може да рече, имам побарувања, па ќе земам кредит за во меѓувреме да се исфинансирам, на крај ќе ми платат и ќе биде с$ во ред. Но, што ако земете кредит, значи дополнително се задолжите, а побарувањата не ги наплатите. Фирмите одат пребргу со продажбата, мислат дека ако с$ продадат, го решиле проблемот. А, доколку немате наплата, тогаш немате пари да ги платите своите вработени, за маркетинг, за истражување и развој, значи станувате неконкурентни и едноставно пропаѓате


Прашања што мора да си ги постави секоја компанија
Каде се нашите пари?
Каде се изворите на (не)ликвидноста?
Дали е проблемот само во недоволната продажба или има и други причини?
Дали недостатокот на готовина се решава само со намалување на трошоците на работење?
Дали неликвидноста се лечи со земање на краткорочни кредити (макар и со ниски каматни стапки) или со кредити за рефинансирање или тоа претставува лечење на срцеви проблеми со помош на “шумливи таблети“?

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×