Затоплувањето на односите со САД и отвараат нова економска ера на Куба
Објавено на од во СВЕТ БИЗНИС И ФИНАНСИИ

cuba-874-01Светските хотелски брендови се “тепаат” да градат хотели во Куба

Во Хавана, главниот град на Куба на крајот на јуни се отвори првиот американски хотел после револуцијата од 1959 година и доаѓањето на Фидел Кастро на власт. Ова е само почеток на процесот на изградба и реновирање на хотели кои и претстои на Куба, а кои веќе го “намирисаа” многу светски хотелски синцири.

 

Во Хавана, главниот град на Куба на крајот на јуни се отвори првиот американски хотел после револуцијата од 1959 година и доаѓањето на Фидел Кастро на власт. Американскиот хотелски ланец Starwood, кој ги поседува и хотелските брендови St. Regis и Sheraton, го отвори хотелот “Four Points Sheraton Havana” во западниот дел на кубанската престолнина, што е уште една историска одредница во односите помеѓу САД и Куба.

Хотелот Four Pоints Havana е дел од историскиот договор помеѓу американскиот ланец Starwood Hotels & Resorts и владата на Куба, кој предвидува три познати хотели кои се уште во сопственост на Куба да бидат реновирани и управувани од страна на Американците. Овој договор ја доби првата дозвола од Американското министерство за финансии за извршување на финансиски трансакции со Куба преку кои ќе се финансира реновирањето на хотелите, и тоа кратко време пред посетата на претседателот Барак Обама на Куба која се случи во март годинава.

Хотелот се наоѓа во Куинта Авенида, во познатата и живописна населба Мирамар, има 186 соби, а најниската цена за ноќевање е 246 долари за ноќ. Во овој дел од градот се сместени повеќе амбасади и е на само 15 минути возење од Стариот дел на Хавана.
Според договорот, Starwood треба да отвори уште два хотели на Куба, а следниот хотел ќе се отвори во август.

Откако САД и Куба ги затоплија дипломатските односи, островот бележи значаен пораст на туристичките посети, но и вистинска градежна експанзија.
За светските аналитичари, затоплувањето на односите со САД е сигнал според кој може со сигурност да се прогнозира дека на Куба и следи период на незапирлив економски раст.


Туристичката индустрија на Куба има портфолио кое вклучува 127 проекти, од кои 25 се за изградба на хотели, 97 се за управување со хотели, со или без странско финансирање, и пет проекти кои се однесуваат на марините.
Исо така има програма за изградба на 108.000 нови соби, од кои 30.000 ќе бидат финансирани со странски капитал од сега па до 2030 година.


Кубанските хотели се враќаат во живот

Покрај хотелот Four Pоints Havana, Starwood на 31 август го планира отварањето на реновираниот хотел Gran Caribe Inglatera Hotel, неокласичен луксузен имот во близина на Gran Teatro и Capitolino, кој е еден од најстарите хотели во Хавана, изграден пред 140 години. Големото реновирање ветува дека ова ќе биде еден од најубавите хотели во градот.

Третиот хотел, кој според договорот треба да го реновира и управува американскиот ланец хотели Starwood е Hotel Santa Isabel, за кој се уште не се знае кога ќе биде официјално отворен за туристи, но плановите на американскиот ланец на хотели се овој хотел да биде дел од нивната листа на луксузни хотели, со само 27 соби, од кои 11 апартмани.

Замрзнатите односи помеѓу Куба и САД почнаа да се затоплуваат во декември 2014 година кога претседателот на САД, Барак Обама, официјално побара да се обноват дипломатските односи со оваа карипска земја, означувајќи крај и на 54 годишното трговски ембарго.
Од септември 2016 година шест американски авиокомпании почнуваат со редовни летови кон Куба.

“Хотелските реновирања кои ги правиме ни дозволуваат да ја сочуваме историјата, архитектурата и културата истовремено нудејќи уникатно брендирано искуство”, објаснува Хорхе Џианатасио, сениор потпретседател на Starwood, одговорен за операциите во Латинска Америка.
Starwood, кој неодамна ја прифати понудата за преземање од Marriott International Inc вредна 13,6 милијарди евра, има речиси 1.300 хотелски објекти во околу 100 земји во светоти близу 188 илјади вработени.

Во Куба ќе се гради најголемиот ресорт комплекс на Карибите

Американските компании не се единствените заинтересирани за влез во туристичкиот бизнис на Куба.
Власите на Куба неодамна потпиша договор со една шпанска компанија за заедничко вложување за изградба на голф ресорт комплекс во провинцијата Пинар дел Рио кој по завршувањето ќе биде еден од најголемите во Латинска Америка и Карибите.
Сличен проект со локација во Ел Саладо, кој е дел од Мариел Специјалната Развојна зона е веќе во финална фаза на одобрување.
Според министерството за туризам на Куба во моментов во фаза на договорање се 60 странски проекти за инвестирање, а дел од нив со фирми од Шпанија и Канада се очекува да бидат потпишани уште летово. Во игра се и фирми од Обединети Арапски Емирати и Кина кои се заинтересирани за инвестициските можности за туризмот во Куба.

Туристичката индустрија на Куба има портфолио кое вклучува 127 проекти, од кои 25 се за изградба на хотели, 97 се за управување со хотели, со или без странско финансирање, и пет проекти кои се однесуваат на марините.
Исо така има програма за изградба на 108.000 нови соби, од кои 30.000 ќе бидат финансирани со странски капитал од сега па до 2030 година.

Законот за странски инвестиции беше изменет и со него бизнис можностите во туризмот многу се зголемија.

Денес, туризмот е еден од најдинамичните сектори во земјата и втор најголем извор на приходи во странски цврсти валути.


Куба е една од најголемите економии на Карибите, со 11 милиони жители и годишниот БДП изнесува околу 82 милијарди долари. Колку за споредба Куба има ист број на жители како Белгија, а има големина на БДП колку Хаваи.


Што значи економското отворање на Куба за мултинационалните компании?

Патувањето на американскиот претседател Барак Обама во САД оваа пролет беше прво патување на некој американски претседател во оваа земја во последните 90 години. Тоа беше еден од клучните чекори за затоплувањето на односите помеѓу САД и Куба. Уште откако Куба почна да ја либерализира нејзината економија во последниве неколку години, американските компании покажуваат голем интерес. И тоа со причина. Примерите на Кина, Русија, Виетнам и другите земји од Централна и Источна Европа покажаа дека либерализацијата на економијата може да води кон брз економски развој и да отвори многу големи можности за мултинационалните компании и големите странски инвеститори.
Но, и покрај големите потенцијали има и многу неизвесности. На пример, американските и другите странски менаџери знаат многу малку како функционира економијата на Куба и им недостасуваат многу информации за да можат да носат мудри бизнис одлуки.
Проценките се дека економијата на Куба во следните пет години ќе расте со стапка од 2% до 4% годишно. Но, ова е конзервативна проценка и тој раст може да биде и поголем, ако се знае дека кубанската економија во последните неколку години растеше со стапки од 5% до 6% годишно. Значајно е да се спомене дека земјата има потенцијал дури и за повисок економски раст во следните години. Но, за тоа да се случи Куба ќе треба да преземе опсежни и одлучни мерки за да ги надмине структурните ограничувања на својата економија и тоа преку поголеми инвестиции во инфраструктурата, привлекување на поголем свеж капитал од странство и да продолжи со отворањето на пазарите.

Куба е една од најголемите економии на Карибите, со 11 милиони жители и годишниот БДП изнесува околу 82 милијарди долари. Колку за споредба Куба има ист број на жители како Белгија, а има големина на БДП колку Хаваи. Економскиот развој во изминатите децении беше многу лимитиран од политиките кои ги водеше комунистичката партија преводена од Фидел Кастро и од ембаргото од страна на САД.

Американските власти воведоа ембарго кон Кина откако Куба донела одлука да се заплени целиот приватен имот кој на островот го поседувале американски граѓани и фирми. Законскиот акт предвидуваше ембаргото да трае се додека не дојде до позначајни политички промени во Куба. Ембаргото официјално се уште е на сила, но од 2000 година наваму има многу големи олеснувања.
Ова ембарго им забрануваше на американските компании да тргуваат со Куба, освен ако не добијат дозвола од американските власти.
Понатаму, историјата на непочитување на основните човекови права може да биде причина која ќе ги обесхрабри некои компании да почнат бизнис на Куба.

Во Куба, како и во другите комунистички земји, економијата е централизирана и мнозинството на луѓето работат за владата. Дури и странските компании вработуваат луѓе преку владата. Платите се околу 20 до 25 долари месечно, во зависност од индустријата, работна позиција и квалификација.
Земјата има две валути: кубанскиот пезос, кој го користат Кубанците и кубанскиот конвертибилен пезос, чија намена е да го користат пезосот и кој е врзан за американскиот долар. Властите неодамна најавија дека планираат да ги спојат двете валути, што е позитивен чекор кој ќе води до поголема транспарентност.


cuba-874-02По 50 години крената рампата за патувања од САД до Куба

Кон крајот на годинава треба да полета и првиот комерцијален лат од САД кон Куба по блокадата која траеше половина век. Американската надлежна институција за транспорт (DOT) веќе одобри дозволи за неколку летови на релација САД-Куба, но наскоро се очекува многу повеќе авиони да летаат на оваа релација, со што ќе се зголеми конкуренцијата за американските граѓани, кои покажуваат огромен интерес за патување во оваа земја. Неодамнешната анкета на оваа институција покажа дека третина од Американците се заинтересирани да патуваат во Куба.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×