Затворање очи пред Белорусија значи мрак за целата европска демократија
Објавено на од во МАГАЗИН

BELARUS-VOTE-DEMOОбврската кон Минск е обврска кон целиот прогресивен свет

Се погласни се апелите дека Европската Унија не смее да остане нем набљудувач на експлицитното кршење на човековите права и повредата на основите на демократијата што се вршат во земја што навистина не е членка, но припаѓа на континентот. Ако се суди по реакциите од Брисел, европските челници ги разбрале пораките -  ЕУ не само што не ги призна изборите на коишто Лукашенко (или последниот европски диктатор како што го нарекуваат) прогласи победа со над 80 проценти гласови, а главната опозициска лидерка Светлана Тихановскаја избега соочена со сериозен ризик за личната безбедност, туку и свика вонреден самит заради надворешнополитички теми, нешто што Унијата го прави исклучително ретко.

 

Никаква услуга нема да направи Западот ниту на Европа, ниту на демократијата ширум светот, а најмалку на самата Белорусија со тоа што би дозволил диктаторот Александар Лукашенко да се „извлече“ со изборите во Белорусија – во иста насока со оваа анализа на „Економист“ одат и последните потези на Европската Унија којашто очигледно реши да заземе подиректен став во однос на случувањата во земја што не е членка, но е на нејзино тло.
ЕУ не само што не ги призна изборите на коишто Лукашенко прогласи победа со над 80 проценти гласови, а главната опозициска лидерка Светлана Тихановскаја избега соочена со сериозен ризик за личната безбедност, туку и свика вонреден самит заради надворешнополитички теми, нешто што Унијата го прави исклучително ретко.
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел објасни дека Белорусија е сериозна тема и ги свика шефовите на држави и влади да се состанат за да извршат поголем притисок врз претседателот Лукашенко.
„Луѓето во Белорусија имаат право да одлучат за својата иднина и слободно да го изберат својот државен врв”, твитна Мишел. „Насилство кон демонстрантите не е прифатливо и не смее да биде дозволено”, изјави тој,
Мишел со поканата за самитот им излезе во пресрет на барањата од страна на Полска и Чешка. Двете членки на ЕУ уште минатата недела, на средбата на министрите за надворешни работи околу ситуацијата во Белорусија, бараа самит на првите луѓе за да се даде поголема политичка тежина на изјавите од ЕУ.
Германскиот претседател: Белоруската војска да не се огрешува со насилство кон сопствениот народ
Со ист став излезе и претседателот на Германија, Франк Валтер Штајнмајер, како и неговиот француски колега Емануел Макрон кои остро го критикуваа раководството во Белорусија. Штајнмајер во Берлин изјави дека се восхитувал на храброста на луѓето да излезат на мирни протести. „Апелирам претседателот Лукашенко да го избере патот на дијалогот. Не насилство, туку дијалог. Апелирам белоруската војска да не се огрешува со насилство спрема сопствениот народ.“
Вонредни самити на ЕУ за надворешнополитички теми се исклучително ретки. Повеќето конфликти се решаваат во мал круг, во т.н. контакт групи. Така, во 2015 година Ангела Меркел и тогашниот француски претседател Франсоа Оланд заедно со рускиот претседател Путин го постигнаа Договорот од Минск за деескалација на кризата на Крим и во источна Украина.
Сега, со оглед на протестите и нивното насилно задушување во Белорусија, пред се’ Полска и Чешка инсистираат на моќна и заедничка порака од страна на ЕУ. Повеќе источноевропски земји се особено ангажирани околу оваа тема.

Лукашенко

ЕУ не само што не ги призна изборите на коишто Лукашенко (фото од неговото обраќање пред една фабрика во Белорусија, н.з.) прогласи победа со над 80% гласови, а главната опозициска лидерка Светлана Тихановскаја избега соочена со сериозен ризик за личната безбедност, туку и свика вонреден самит заради надворешнополитички теми, нешто што Унијата го прави исклучително ретко.

ЕУ го зголемува притисокот врз Лукашенко
Германската канцеларка Меркел и францускиот претседател Макрон во телефонски разговори со рускиот претседател Путин апелираа тој да го искористи своето влијание во Белорусија. Според портпаролот на германската влада, Меркел побарала да не се применува насилство врз мирни демонстранти и да се ослободат политичките затвореници. Таа нагласила и дека владата во Минск „мора да стапи во национален дијалог со опозицијата и општеството за да се надмине кризата“.
И Емануел Макрон го повикал Путин да придонесе за „смирување“ на состојбата и за „дијалог“. Целта е „веднаш да запре насилството врз населението и да се најде политичко решение“. Франција по ова прашање соработува тесно со Германија, нагласи кабинетот на францускиот претседател.
Но, рускиот претседател не остави простор за сомневање во однос на тоа кого го смета за вистински господар. Путин ги предупреди јасно шефовите на влади во ЕУ дека какво било мешање во внатрешнополитичката состојба во Белорусија е неприфатливо. Освен тоа, тој очекува стојбата во земјата набрзо да се смири.
Шведската влада, како следен претседавач со ОБСЕ, нуди испраќање на делегација во Минск. Стокхолм објаснува дека министерката за надворешни работи Линде заедно со албанскиот премиер Рама може да отпатува во Минск и да разговара со претставници на владата и на опозицијата за да се најдат начини за излез од кризата. Албанија годинава претседава со ОБСЕ.
Belorusija-5Ерменија како модел за позитивен развој на ситуацијата
Радио Слободна Европа преку Џуди Демпси од тинк – тенкот „Карнеги Европа“ во Брисел анализира дека Европејците мора да бараат слободни избори и ослободување на затворениците, но двете барања се тешко спроведливи, а премногу реторика е бескорисна и опасна, смета таа.
„Одлуките, всушност, треба да се донесат во самата Белорусија“ вели Демпси. Таа се надева дека опозициската лидерка Тихановскаја наскоро ќе се врати во земјата и дека ќе ги канализира протестите, за на тој начин да се спречи радикализација на движењето.

Како можен модел за позитивен развој Демпси ја наведува ситуацијата во Ерменија пред две години. Таму луѓето следеа сопствен начин на демократизација и Путин ги остави намира. „Доколку Путин во Белорусија може да добие прагматичен премиер, кој нема да го растегне ЕУ-знамето преку земјата, тогаш тој со тоа можеби би можел да живее.
За ЕУ ставот кон Белорусија и Русија е прашање на дипломатски баланс. Ангела Меркел, како претседавач со Советот на ЕУ, има доволно искуство со Кремљ, но нејзината агенда за оваа половина година е веќе полна. Сепак, надворешнополитичките кризи не се нешто што може да се испланира. Канцеларката, исто како во случајот со корона – фондот, повторно ќе соработува тесно со претседателот Макрон за да ја одржи ЕУ заедно и за да се најде заеднички став во врска со Белорусија.


Која е Светлана Тихановскаја?

Грижлива мајка која се вклучи во политиката за да го замени сопругот – политички активист уапсен од режимот на Лукашенко. 
Бегалец од катастрофата во Чернобил, Светлана на 12 години пристигнува во рурална Ирска во средината на 90-тите, како едно од илјадниците деца донесени преку добротворните организации.
„Таа беше многу сочувствително дете“, се сеќава Хенри Дин, кој заедно со неговата сопруга Маријан, бил домаќин на Свјета (како што нагалено ја викале). Светлана Тихановскаја  живеела во нивниот дом во централниот ирски град Роскри децении пред да стане главен кандидат на опозицијата на спорните претседателски избори во Белорусија годинава. Таа ја напушти земјата веднаш по изборите и замина за Литванија, како што велат нејзините соработници, поради притисок од белоруските власти.

Претседателот на земјата Александар Лукашенко според официјалните резултати извојува убедлива победа, којашто потоа од опозицијата беше прогласена за измама. Лукашенко, кој остана на власт во услови на насилни протести со кои се покажуваше непризнавање на изборните резултати, се соочи со изненадувачки предизвик од Тихановскаја, негов најжесток ривал. Во последниве денови, протестите преминаа во насилство против демонстрантите и масовни притвори.

За Тихановскаја од самиот почеток било малку веројатно дека ќе победи на изборите и ќе стане претседател на Белорусија. Пред се’, бидејќи никогаш не била во политиката, и ја презеде кандидатурата кога повеќе познати опозициски лица, вклучително и нејзиниот сопруг Сергеј Тихановски, блогер, беа затворени или принудени на егзил пред гласањето.

Тихановскаја, која своевремено се откажа од наставничката кариера за да се грижи за своите две деца, дојде во центарот на вниманието кога вети дека ќе ја продолжи кампањата на нејзиниот сопруг. Таа доби поддршка од гласачите во потрага по алтернатива на Лукашенко, затоа што повика на промена по долгогодишната економска стагнација и репресивна политика.
Ана Красулина, секретар за печат на Тихановскаја, рече дека таа била принудена да ја преземе кандидатурата наместо нејзиниот сопруг. Оние што ја познаваат велат дека се најмногу загрижени за безбедноста на жената за којашто виделе како се крева од тешки почетоци за да стане силен лидер.

Повеќе од една деценија, Тихановскаја ги поминувала летата живеејќи со семејството Дин во Ирска. Семејството во текот на годините беше домаќин на голем број на други деца, но остана особено поврзано со Светлана Тихановскаја, која подоцна се вработи за да собере пари за колеџ.
Светлана Тихановскаја пораснала во Микашевичи, место јужно од главниот град Минск, каде што се покажала како особено добар ученик. Нејзиниот роден град се наоѓа во близина на зоната Чернобил, којшто е во Украина, и многу локални жители биле преместени на југ, иако не е познато дали и семејството на Тихановскаја било меѓу преселените.
Нејзиното време поминато во Ирска ѝ овозможило да го продолжи школувањето, особено учењето на англискиот јазик, и да заработи пари за колеџ. Подоцна, продолжила да работи на Државниот педагошки универзитет во Белорусија, но на крај ја оставила работата и се посветила на грижата за своите две деца. Постарото дете е родено со оштетен слух, а голем дел од вниманието на Тихановскаја било насочено кон грижата за него. Таа го преселила семејството од Минск во југоисточниот град Гомел, за да може да добие посебна грижа за синот и да си дозволи интервенција што значително го подобрила слухот на детето.
Красулина, секретар за печат на Тихановскаја, вели дека борбата за здравјето на нејзиното дете и нејзината тврдоглавост во обезбедувањето на најдобрата можна грижа останала дел од нејзиниот идентитет и за време на кампањата.
Светлана Алексиевич, белоруска писателка и Нобеловец, во интервју за Радио Слободна Европа во средата изјави дека Тихановскаја „е и останува симбол на промените“ која „направи се’ што можеше“. Но, додаде Алексиевич, сега е време искусните личности да ги преземат чекорите на опозицијата.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×