Заваровалница Триглав ќе подели дивиденда од 2,50 евра за акција
Објавено на од во Економија

Триглав влегува на македонскиот пазар на дополнително пензиско осигурување

TRiglav 2

Надзорниот одбор на Заваровалница Триглав на седницата одржана на 28 март го потврди ревидираниот годишен извештај на Групацијата Триглав и на матичното друштво за 2018 година. Работењето на Групацијата Триглав беше во согласност со стратешките насоки, достигна 97,5 милиони евра пред оданочување (индекс 115) и зголемување на рентабилноста на капиталот на 10,8% (во 2017 година изнесуваше 9,3 проценти). Управата и надзорниот одбор ќе му предложат на Собранието на акционери исплата на дивиденда во висина од 2,50 евра бруто по акција, што претставува 70,3% од консолидираната нето добивка за 2018година. Триглав Осигурување Скопје, дел од Групацијата Триглав, во 2018 година ја потврди својата лидерска позиција на македонскиот пазар на неживотно осигурување со пораст на премијата од 8,3%.

 

Раст на премијата на Групацијата на сите пазари и осигурителни сегменти. Резултатите на Групацијата Триглав за 2018 година се добри и ги надминуваат планираните, што е пред сèпоследица на големиот раст на премијата од осигурување, на поволниот штетен резултат и на одредени единствени настани, пред сè во последното тримесечјеод 2018 година. Бруто полисираната премија од осигурување во износ од 1.068 милиони евра е за 7% повисока од онаа во 2017 година, а Групацијата достигна раст во сите сегменти на осигурувањетона сите пазари. Комбинираниот количник на Групацијата изнесуваше 91,8%. Приходите од инвестиции – без приходите од осигурениците на животно осигурување, кои преземаат инвестициски ризик – беа за 29% пониски од 2017 година, што е последица на континуираната состојба на ниски каматни стапки на финансиските пазари.

 

Финансиска стабилност и предлог за дивиденда. Групацијата има висок кредитен рејтинг „A“. Тој го потврдува нејзиното профитабилно работење, водечката регионална пазарна позиција и систематското спроведување на бројни стратешки активности во правец на развој и раст на ГрупацијатаТриглав. Групацијата е финансиски стабилна, што ѝ го обезбедува и нејзината мошне конзервативна и стабилна реосигурителна заштита и рационалното управување со резервите. Во согласност со оценките, адекватноста на капиталот на крајот на 2018 година се движеше во целниот распон, одреден со политиката за управување со капитал на Групацијата, според методологијатаСолвентност II. Претседателот на Управата на Заваровалница Триглав, Андреј Слапар: Предложената дивиденда е во согласност сонашата политика задивиденди, која што е одржлива, а истовремено иатрактивна. Со нејзе на урамнотежен начин обезбедуваме доглорочна финансиска стабилност на Групацијата, овозможуваме нејзин развој и раст, а истовремено исплаќаме привлечни дивидендина акционерите.“ Во согласност со финансискиот календар, предвиден е датум на заседавање на редовното собрание на Осигурителното друштво Триглав, кое што ќе одлучува за поделбата на билансната добивка, 28. 5. 2019г.

 

Промени во Управата на осигурителното друштво. Надзорниот одбор се согласи со предлогот на претседателот на Управата и го именуваше Давид Бенедек за член на Управата на Заваровалница Триглав за мандатен период од пет години. За вршење на функцијата член на Управата на Заваровалница Триглавпотребно е да се добие дозвола од Агенцијата за контрола на осигурувањето. Давид Бенедек дипломираше на Економскиот факултет во Љубљана (1997), а на Indiana University, Kelly School of Business во САДзаврши магистерски студии (2000). Има богати меѓународни искуства во областа на секторот осигурување и банкарство, во кој што од 2001 година работи на водечки работни места. Моментално ја извршува функцијата полномошник на Управата на Заваровалница Триглав, а во Управата ќе биде надлежен за управување и развојна зависните друштва во согласност со стратешките цели на Групацијата. Ние сме водечка регионална осигурителна финансиска групација, која што спојува 40 друштва во 6 држави од нашиот регион. Нивното ефикасно управуање, развојот и растот се од клучно значење за постигнување на нашите стратешки цели. Верувам дека новиот член на Управата со своето стручно знаење и долгогодишно искуство дополнително ќе придонесе кон тоа.“, рече Андреј Слапар, претседател на Управата на Заваровалница Триглав.

 

Активности на раст и развој на Групацијата Триглав. Во согласност со стратешките цели, Групацијата во 2018 година, покрај органски раст на обемот на работа, продолжи и со активности на ширење, како во дејноста на осигурувањето, така и во управувањето со имот. Во 2018 година потпишан е договор за купување на хрватското друштво за пензиско осигурување Raiffeisen Mirovinsko osiguravajuće društvo и на словенечкотодруштво за управување со ALTA фондот,а го докупи и уделот за 100% сопственост на словенечкото друштвоSkupna pokojninska družba. Со активностите за раст продолжува и оваа година. Заваровалница Триглав основаше друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови Триглав пензиско друштво АД, Скопје, со кое што влегува на македонскиот пазар на пензиски осигурувања и на тој начин станува едно од трите друштва на пазарот.

 

Групацијата Триглав, водечка регионална осигурително-финансиска групација, веќе е активна на македонскиот пазар, како во областа на имотните така и на животните осигурувања и на целокупниот македонски пазар на осигурувањезазема водечка позиција, сопазарен уделод 14,5%. Во согласност со својата стратегија, го проширува работењето во сегментот на дополнителни пензиски осигурувања, кој во поглед на демографските движења го оценува како перспективен. Македонскиот пензиски систем го сочинуваат три столба, првиот опфаќа задолжително пензиско штедење со кое што управува државниот фонд, а останатите два столба вклучуваат дополнително задолжително и дополнително доброволно пензиско штедење. Со својот влез во сегментите на дополнително задолжително и дополнително доброволно пензиско штедење Групацијата Триглав ја приближува понудата на првокласна услуга на клиентите на македонскиот пазар.

 

Групацијата Триглав на македонскиот пазар. Триглав Осигурување Скопјево 2018 година во доменот на неживотното осигурување оствари бруто полисирана премија во износ од 23,1 милиони евра, што претставува пораст за 8,3% во споредба со 2017 година. Со овој резултат компанијата постигна удел од 17,3% и со тоа ја утврди својата лидерска позиција на македонскиот пазар на неживотно осигурување.Растот на премијата е резултат на одличните достигнувања во доменот на доброволното здравствено осигурување, каде компанијата оствари раст на премијата од 65% во споредба со претходната година. За овој резултат придонесе и порастот на бруто полисираната премија во доменот на осигурувањето на имот од 27%.

 

Во 2018 година фокусот на Триглав Осигурување беше на клиентот и на неговите потреби, како една од најважните насоки на стратегијата на Групацијата Триглав. Тоа го потврдуваат активностите што ги спроведовме минатата година, а кои што се резултат на утврдените потреби на нашите клиенти, како што е надградбата на производот доброволно здавствено осигурување, како и на пакетотТриглав комплет +, кој што нуди и до 40% попуст и ги опфаќа најважните аспекти од животот. Воведовме и новини, како што е онлајн обнова на AO полиси, како и нови производи, како што е осигурување на гуми. Сакајќи да придонесеме кон позитивни промени за луѓето и за животната средина, обезбедивме City tree за општина Аеродром, кое што го прочистува воздухоти го намалува загадувањето, третирајќи на тој начин еден од најактуелните проблеми на нашата заедница. Потврда за квалитетот со кој работимеи за стандардите за работењето што ги поставивмее исертификатот ISO 9001, кој компанијата го доби кон крајот на 2018 година, а кој потврдувадекаТриглав Осигурување има воспоставен и адекватно одржуван систем за управување со квалитет, кој што ги исполнува предусловите на стандардот”,изјави во оваа прилика Главниот извршен директорна Триглав Осигурување, г-динЃорѓе Војновиќ.

 

Триглав Осигурување Живот во својата прва деловна година на пазарот понуди осигурување на живот со штедење, дополнително осигурување од незгода и осигурување од смрт за кредитни корисници. Покрај фокусот на развој на понудата, компанијата активно работеше и на своето етаблирање на пазарот, како и на едукација на јавноста за предностите што ги носи осигурувањето на живот, што секако резултираше со зголемен интерес на јавноста за овој вид на осигурување.

 

Дигитален годишен извештај. „Одиме далеку за да ви бидеме блиску“ е кровен извештај на годишниот извештај на Групацијата Триглав и на Заваровалница Триглавза 2018 година и претставуварезиме на успешното работење и остварување на стратегијата. Во фокусот се клиентитеи динамичното развивање на нови начини на работа, со профитабилно и безбедноработење. Интерактивниот и интегриран годишен извештај повторнодонесува сеопфатен преглед на финансиските и нефинансиските показатели на работењето. Претставени се во однос на глобалните цели на одржлив развојна Обединетите нации и го следат меѓународниот стандард GRI GS, кој што Групацијата Триглав го презеде меѓу првите во Словенија и во него веќе ги воведе последните новини во областа на известувањето за друштвените влијанија. Извештајот е објавен на словенечки и на англиски јазик, а на корисниците им овозможува и интерактивен приказ на финансиските показатели.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×