Зависноста од доларот не е одржлива
Објавено на од во Економија
Гувернерот на Банката на Англија, Марк Карни, предупреди за проблеми околу доминацијата на американскиот долар во глобалните трансакции.
cost-to-maintain-addictionМоменталната зависност на глобалниот финансиски систем од американскиот долар не е одржлива и треба да се замени со нов систем заснован на неколку глобални валути, изјави гувернерот на Банката на Англија, Марк Карни. Сепак, со оглед дека скоро две третини од сите финансиски трансакции во светот отпаѓаат на доларот, прашање е колку желбата на Карни ќе остане само обична желба.
Во говорот на собирот на централните банкари во Џексон Хул, водачот на монетарната политика на Велика Британија го повика Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) да се зафати со создавање на нов валутен систем кој ќе ги заштити новите економии од деструктивните одливи на капиталот деноминирани од доларот и ќе ја елиминира потребата од одржување на девизни резерви во долари.
„На долг рок, ММФ може да ја промени ситуацијата со градење мултиполарен глобален финансиски систем“, додаде Карни.
Неговиот говор, од набудувачите беше оценет како обид да се отвори дебата за проблемите на (премногу) моќниот долар во светската економија.
„Американската економија сочинува 10% од глобалната трговија и 15% од глобалниот БДП, но половина од трговските трансакции и две третини од сите глобални хартии од вредност се деноминирани во долари“, рече Марк Карни.
Гувернерот на Банката на Англија забележа дека доларот остана значаен во светските текови на готовина и покрај пропаѓањето на системот Бретон Вудс уште во 1971 година.
Движењето на доларот е важно за економиите кои дури немаат силни директни трговски врски со Соединетите држави.
Гувернерот Карни, според тоа, предлага дека на среден рок – во услови на постепен пад на зависноста од доларот и парични текови деноминирани од американски долар меѓу сите земји во светот – ММФ да формира глобален фонд за да ги ограничи ефектите од одливот на капитал.
„Собирањето ресурси во Меѓународниот монетарен фонд и нивното дистрибуирање до сите 189 земји-членки е далеку поефикасно отколку да се обезбеди дека секоја поединечна држава има своја заштита“, рече гувернерот Карни.
За да се постигне ова, финансиската сила на ММФ треба да се зголеми на три милијарди американски долари во текот на следната деценија.
„На долг рок, мултиполарниот систем треба да спречи кинескиот јуан да ја преземе улогата на доларот“, рече гувернерот Марк Карни.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×