Зелено светло за преговори со ЕУ во септември
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Германскиот Бундестаг ќе донесе одлука за одобрување на старт на преговорите на Европската Унија со Северна Македонија во септември, согласно утврдените процедури на Германија за прашањата за проширување на Унијата.
bundestagОва му го пренела германската канцеларка Ангела Меркел на премиерот Зоран Заев на денешната средба во Берлин. Меркел, како што соопшти владината прес-служба, потенцирала дека Северна Македонија го испорача очекуваното и дека таа и Берлин на тоа гледаат многу позитивно.
На средбата присуствуваа и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров.
Премиерот Заев на средбата посочил дека Република Северна Македонија има целосна доверба во канцеларката Меркел и ја поддржува нејзината политика за процесот на проширување на ЕУ, како и нејзината политика кон Западен Балкан.
Беше истакнато дека СР Германија е наш стратешки партнер со кој заедно работиме на политиките за помирување на Западен Балкан, на стабилизацијата на регионот и на обезбедување економски напредок и демократска трансформација, процес којшто ќе заврши со нашето интегрирање во ЕУ.
Претседателот на Владата Заев, на средбата нагласи дека радува фактот што Министерството за надворешни работи на СР Германија има позитивен став за нашата земја во однос на започнувањето на преговори за членство во ЕУ, и дека треба да се испочитуваат процедуралните постапки и демократските процеси кои ќе овозможат Бундестагот да донесе позитивна одлука во септември.
На средбата на делегацијата на Владата во Берлин, се потврди дека во СР Германија, како и во другите земји членки, неоспорно се признаени резултатите од реформите кои се потенцирани во извештајот на Европската Комисија и дека позитивно се гледа на препораката на ЕК за започнување на преговори за членство во ЕУ. Силно е уверувањето дека оваа година започнуваме преговори за членство со ЕУ и им се придружуваме на Србија и Црна Гора, се наведува во соопштението од прес-службата на Владата на Република Северна Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×