Во времиња на долгорочни, исцрпувачки кризи, првиот рефлекс на секое разумно и одговорно државно раководство, какви што ние овде во Македонија немавме во сите 35 години независна држава, е хирушки прецизно кратење на државните трошоците и стегање на државниот ремен.

Денес, целиот развиен свет сериозно работи на тоа. Дури и на глобалните економски форуми како што е во Давос, водечките светски лидери со гордост ги презентираат своите реформи. Можеме да се потсетиме како Доналд Трамп своевремено се пофали дека преку ефикасна дигитализација, неговата администрација во Вашингтон, и низ целата земја, во само еден удар го намалила државниот апарат за околу 300.000 административци. Што е најпарадоксално за нашиот македонски и балкански ум, тој посочи дека тие луѓе денес му се благодарни за тоа, бидејќи биле пренасочени таму каде што навистина се создава вредност. Се разбира во приватниот сектор. Истото се случува во речиси сите земји членки на Европската Унија, каде оптимизацијата и ефикасноста се прашање на економски опстанок.
Ние во Македонија сме „анти-спротивни„ како и секогаш!
Во Македонија, се разбира, приказната тече во спротивен, ретрограден правец. Кај нас јавниот и државниот сектор постојано, незапирливо и вештачки се зголемуваат. Сите реконструкции на влади, како и оваа што ја чекаме, во суштина за крајна цел имаат вработување на што поголем број партиски ангажирани, и често лица со ниски професионални вештини, мал мотив за работа, клиентелистички настроени, и во голема мерка манипулативни.
Причината не е потребата од подобра услуга за граѓаните, туку нешто многу попримитивно: државната администрација тука функционира како класична партиска армија на вработени. Логиката на политичките елити е едноставна и брутална – ако нахраните доволно голем број луѓе со државна плата, сите тие послушно ќе излезат на избори и вие повторно ќе победите. Тоа е клиентелистички пазар каде со пари на даночните обврзници се купува социјален мир и политичка долговечност.
Овој текст е обид да се отворат суштински прашања кои со децении се туркаат под тепих во македонското општество. Неговиот фокус е ставен на три клучни столба кои го кочат развојот: преголемиот и непродуктивен јавен апарат, погрешната образовна структура и дестимулацијата на домашното претприемништво.
Ако ги погледнете официјалните огласи и анализи на пазарот, ќе се соочите со застрашувачки сооднос – од десетте најбарани професии во земјава од страна на компаниите, само за една единствена професија е потребно високо образование!
Оттука, дали некој во државните институции воопшто размислува за ова? Поставува ли некој прашање со каква образовна структура располага ова општество? Секако, секоја професија е важна, достоинствена и вредна за почит. Но, клучното економско прашање е – каде е додадената вредност на вработувањето? Која е таа професија што ќе го повлече развојот напред? Анализира ли некој, мери ли некој, прави ли некој реформи на оваа тема?
Но, зад оваа евтина политичка математика се крие суровото прашање: Каква е, всушност, реалната структура на македонската економија?
Ако ги погледнете официјалните огласи и анализи на пазарот, ќе се соочите со застрашувачки сооднос – од десетте најбарани професии во земјава од страна на компаниите, само за една единствена професија е потребно високо образование!
Оттука, дали некој во државните институции воопшто размислува за ова? Поставува ли некој прашање со каква образовна структура располага ова општество? Секако, секоја професија е важна, достоинствена и вредна за почит. Но, клучното економско прашање е – каде е додадената вредност на вработувањето? Која е таа професија што ќе го повлече развојот напред? Анализира ли некој, мери ли некој, прави ли некој реформи на оваа тема?
За жал, во Македонија нема сериозна јавна дебата за овие прашања. Сведоци сме на една парадоксална реалност во која универзитетската диплома веќе ја губи својата економска вредност, бидејќи речиси и да нема бизниси и компании на кои им се потребни токму такви, високообразовани кадри. На нашиот пазар на труд доминира побарувачката за работници со ниски вештини. Погледнете ги само профилите на работниците кои периодов доаѓаат од надвор (таканаречените економски работници – мигранти). Тоа не ви кажува нешто?
Следува наједноставниот, а воедно и најсуровиот опис на нашата економија
Кога имате море од „обични“ дипломирани студенти по општествени науки, а драматично малку инженери и технички визионери, тогаш каква иднина можете да очекувате за државата? Па дури и да успееме преку образовниот процес да создадеме квалитетни инженери, се соочуваме со нов ѕид: ако нема силни приватни, претприемачки инвестиции во нови индустриски гранки и современи технологии, каде ќе се вработат тие млади луѓе? Во кои фабрики?!
Во отсуство на вистински пазар, тие млади умови се соочуваат со две патеки.
Првата е по партиска линија да бараат засолниште под скутот на државата, а втората – веднаш по дипломирањето да се иселат. Македонија неповратно ги губи своите највредни човечки потенцијали затоа што тврдоглаво одбива да отвори простор за развој на приватната иницијатива и претприемништвото. Кај нас сè уште вирее оној ретардиран, транзициски менталитет според кој приватните инвеститори и претприемачи се третираат како „половина криминалци“.
Споредба на модели: скандинавски социјален пазар vs. македонски клиентелизам.
Еве како е во скандинавските земји со кои често пати премиерот Христијан Мицковски ја споредува Македонија денес под негово лидерство …
Висок ризик во приватен сектор резултира со повисока плата. Јавниот сектор бара висока стручност, но платите се строго усогласени со продуктивноста за да не се дестимулира бизнисот.
Македонски модел: Вештачко зголемување на платите во администрацијата пред избори. Ова предизвикува фискален притисок врз Буџетот, ги зголемува даноците за приватниците и директно ја подгрева инфлацијата (преку зголемена потрошувачка нефундирана со реална продуктивност).
Како е, всушност, да се биде претприемач во Македонија? Отвора ли некој тема за ова? Постојат ли релевантни студии за претприемништвото, мотивирачки процеси или програми за финансиска писменост кај помладите и повозрасните генерации? Дали чувствувате еуфорија за инвестиции во нови, храбри проекти? Одговорот на сите овие прашања е едно кратко и депресивно: Не.
Македонските претприемачи – оние ретките кои сè уште имаат храброст да ризикуваат – се вистинските херои на 21-от век во оваа земја. И сите тие со право велат дека им е исклучително тешко. Од друга страна, работниците во реалниот сектор често се жалат дека приватните компании заостануваат зад јавниот сектор во однос на условите за работа, платите и придонесите. Тоа е точно, но во исто време е и економски апсурд. Овој јаз дополнително се продлабочува со секое популистичко зголемување на платите во јавниот сектор пред избори, од кое краткорочен ефект чувствуваат само административците и пензионерите, „пакосната сиротиња„ која цел живот не мрда со мал прст да си го промени животот„ и политичките партии особено три – четири во власта и опозицијата. Ете … овие ви решаваат за иднината!?!
Речиси ниедна државна институција суштински не се занимава со претприемништвото. Нема никаква следливост или системска поддршка за домашните претприемачки инвестиции. Сè е свртено кон странските инвеститори (и танге-франге со нив), додека тежината и потенцијалот на домашниот капитал воопшто не се разбираат.
Како резултат на тоа, сите сакаат да работат „на државно“. Буџетот за плати во јавниот сектор незапирливо расте, а продуктивноста таму е речиси еднаква на нула. Во исто време, приватниот сектор – тоа море од претприемачи кое треба да ја храни државата преку плаќање на даноците, каде пак законите најбрутално се применуваат без милиметар толеранција – кубури со работници. Спас се бара во увоз на работна сила од Непал или Филипините.
Од друга страна, реалноста е дека нашите луѓе се иселија. Кога нема домашни работници, нема ни нови фирми, а постоечките постепено ќе затвораат или ќе го селат својот бизнис во други држави. Нема фирми – нема даноци во Буџетот. Дупката во државната каса секоја година ќе биде сè поголема. Математиката е кристално јасна.
Но, наместо да ги слушнат претприемачите, властите неодамна лансираа уште една дефектна теза: демек, претприемачите не требало да ги зголемуваат цените бидејќи така ја подгревале инфлацијата. Колку површно гледање на нештата! Како може државата или градовите да ги зголемуваат цените на своите јавни услуги за четири или пет пати, едноставно затоа што превработиле луѓе во администрацијата кои мора некако да ги платат, а никој да не праша колку токму тоа поскапување и растот на административните плати влијаат врз инфлацијата? Претприемачите со години алармираат дека се притиснати до ѕид од високи даноци, скандалозно високи придонеси и безброј скриени парафискални давачки.
Точката во која се раѓа системската корупција!
Оваа состојба е и главниот генератор на корупцијата во Македонија. Кога млад човек ќе заврши факултет со диплома со која не може да најде место во реалниот сектор, нему не му преостанува ништо друго освен да се обиде со врски да влезе во јавната администрација, каде што компетентноста и така не е примарен критериум. Тоа е моментот каде што се раѓа и се легитимира системската корупција. Иселениците јасно кажуваат: корупцијата и отсуството на систем на вредности се клучните причини зошто си заминуваат. Стотици илјади млади и витални луѓе веќе емигрираа – нивното отсуство физички се чувствува на македонските улици. Македонија полека се претвора во рај исклучиво за пензионерите и за партиските кадри во јавниот сектор.
Време е јавно да го отвориме клучното прашање: Дали платите во приватниот сектор се навистина мали, или платите во јавниот сектор се нереално високи со оглед на нивната очајно ниска продуктивност? На сите оние кои од удобните фотелји тврдат дека приватниците даваат мали плати, храбрите претприемачи им порачуваат: „Основајте компанија, вработете луѓе, плаќајте им по 2-3 илјади евра во пазарни услови, па видете колку брзо ќе пропаднете“. Високи плати без пазарна конкуренција и реална продуктивност се можни само ако компанијата е корумпирана и живее исклучиво од наместени јавни набавки. Но, тоа не е пазарна економија.
Кога државата вештачки ги пумпа платите во јавниот сектор, таа ја уништува економската логика. Во нормалниот економски свет, таму каде што ризикот е поголем, профитот и платата мора да бидат повисоки. Приватниот сектор заработува повеќе затоа што носи ризик. Во развиените општества со ниска корупција, како нордиските земји, работата во приватниот сектор бара визија, знаење, вештини и континуирана посветеност, но затоа е и соодветно наградена. Дури и левичарите во Шведска се свесни дека без силен и стимулиран приватен сектор, нема од каде да се полни социјалниот буџет.
Кај нас владините претставници редовно се фалат дека БДП расте и дека луѓето живеат одлично, но реалноста на улиците ги демантира. Македонија се соочува со загрижувачка економска нееднаквост – повеќе од половина од вработените граѓани заработуваат помалку од медијалната плата, која сама по себе е прениска за достоинствен живот. Нашите влади не се справуваат со овој јаз. Словенија, на пример, преку паметни политики успеа да го сведе ризикот од сиромаштија на минимум, едноставно затоа што изгради ефикасен и неинфициран систем.
Корупцијата не е ништо друго туку синоним за неефикасност на едно општество. Македонскиот систем е длабоко инфициран, а реформите се движат со брзина на полжав. Пораката на крајот е повеќе од јасна: за да преживееме како нација и држава, мора да ја намалиме државата. Таа е прескапа, преголема и претешка за малкуте плеќи што останаа да ја носат.
Мора да го сопреме клиентелизмот и да и оставиме чист простор, здив и слобода на приватната иницијатива и претприемништвото. Во спротивно, фондовите ќе продолжат да се празнат – исто онака како што пред наши очи се празнат македонските куќи и станови, а децата заминуваат во еден правец.
Крах на пазарот на труд и образовна неусогласеност
Еден од најзагрижувачките податоци во текстот е структурата на побарувачката: од 10 најбарани професии, само една професија бара високо образование. Македонија се соочува со феноменот „хипер-продукција на нефункционални дипломи“.
[ Млади со факултетски дипломи ]
│
▼
[ Нема соодветни претприемачки ] ───► Политичка линија (Вработување во јавен сектор)
[ инвестиции/фабрики ] ───► Иселување (Егзодус на мозоци / Brain Drain)
Универзитетите масовно бланко-образуваат кадри (административци, правници, економисти) кои реалниот сектор не може да ги апсорбира, додека во исто време има драматичен дефицит на инженери, технички лица и занаетчии. Бидејќи нема домашни претприемачки инвестиции во висока технологија каде тие инженери би работеле, младите избираат две патеки: партиска книшка за државна работа или куфер за Германија.
Како директна последица на масовното иселување, приватниот сектор денес е принуден да увезува работници со ниски квалификации од Непал, Бангладеш и Филипините.
Но, оваа стратегија, модел кој неодамна силно го заговараше премиерот Христијан Мицковски потпретседателот на Владата Александар Николовски има сериозни недостатоци:
Транзитна зона: Работодавачите ги плаќаат сите почетни трошоци за овие работници, но тие ја користат Македонија само како отскочна штица за заминување кон ЕУ (Германија, Австрија).
Социјален притисок: Македонија нема развиено долгорочен модел за општествена интеграција и хомогенизација на странска работна сила. Доколку овој процес се одвива стихијно, тој може да предизвика ксенофобија и засилување на радикални десничарски политички движења (како што веќе се случува во Данска и остатокот од Европа).



















