Земјата никогаш не била поевтина. Дали е сега вистинското време за купување?
Објавено на од во Економија
Инвестирањето во земја отсекогаш важело за добра инвестиција од која не може да сe зaгуби. Но, само на долг рок. На краток рок, надуваните нереални меури со шпекулативни цени одамна се пукнати, а во нивното разлевање настрадаа многу луѓе. Има и позитивни примери кои навистина заработиле од земјиште, но секогаш се поставува прашањето колку би заработиле ако тие пари би го вложиле во друг бизнис.

Според истражувањата кои ги направивме на терен во Македонија градежно земјиште во моментов може да се најде од 5 до 500 евра за метар квадратен. Најинтересен во моментов е строгиот центар на главниот град каде цените се уште одат нагоре што е поврзано со бројните инфраструктурни вложувања во последниот период. Елитната населба Водно која во минатото беше хит дестинација полека почнува да губи од сјајот поради прекумерната урбанизација. А најголем пад на цените на земјиштето може да се забележи во Охрид и Маврово две локации кои во минатото високо котираа според цената на градежното земјиште.

„Цените на градежното земјиште на брегот на Охридското езеро од 200 евра за метар квадратен за пет години се паднати на 60 или 40 евра. Тоа е сериозен пад за толку краток период. Во минатото поголема цена можеше да се изнуди од странски инвеститори кои не беа запознаени со нашите состојби и реални цени, но сега и тие се свесни за се и знаат што сакаат“, вели наш соговорник сопственик на агенција за недвижности од Охридско кој повеќе од десет се занимава со оваа проблематика. Дека овие цифри се точни ни потврдија уште неколку соговорници кои се занимаваат со оваа проблематика. Но, има и такви кои имаат поразлично мислење.

Лиле Карафилоска сопственичка на агенција за недвижности од Скопје вели дека Охрид е специфичен пример кога се работи за цената на земјиштето кој е многу тешко да се споредува, но дека на државно ниво на долг рок сепак инвестицијата во земја е исплатлива.

„Реално во Охрид цените беа претерано надувани и секој кој логично размислува можеше да очекува пад. Сличен случај е и елитната населба Водно во Скопје. Но, во остатокот од земјава, а особено во главниот град Скопје, на долг рок цените на земјиштето растат. Можеби не растат со динамика како што некогаш растеле или не се прават во овој бизнис профити како во други земји. Но, јас тврдам дека со земја никој не загубил“, вели Каранфилоска.

И земјата во Овчеполието никогаш не била поевтина од сега. Да купиш нива од 2-3 декари 4 класа во овој регион сега се потребни 300 до 500 евра. И тоа ако има воопшто кој да ја купи.

Но, за некои трговци со недвижнини тоа е само привремен тренд, а дека земјата на долг рок е инвестиција од која не може да се изгуби.

„Земјата не старее ниту се зголемува. Таа е истата и станува се помалку достапна. Значи во неа можеби не може да се очекува екстра профит на краток рок, но ако се гледа и размислува долгорочно на земја во никој случај не може да се изгуби. Поточно може да се изгуби ако сопственикот влезе во некаква моментална криза па мора свесно да ја продава под цена. Инаку земјиштето било и останува една од најсигурните валути“, вели Каранфилоска.

Во изминатиов период она што е актуелно е што кинески и арапски фирми купуваат плодна земја низ Европа на која произведуваат храна. Во медиумите беше објавено дека Кинези купиле 5% од целата обработлива земја во Украина, како и дека купиле и 9000 хектари во Бугарија. Годинава беше обавено дека арапи во Војводина купиле 500 хектари по 10.000 евра, и закупиле дополнителни 16.500 хектари по 250 евра за хектар. Има најави и дека многу турски фирми планираат да купуваат плодна земја во повеќе земји од Балканот на кои би произведувале храна. Во Македонија законите дозволуваат странци да купуваат земјиште ако имаат отворено фирма во Македонија. Сега засега од најавената инвестиција на Субрата Рој од 200 милиони евра во Овчеполието на терен нема ништо конкретно, а огромна површина на земјоделска обработлива земја стои необработена. Освен оваа бомбастично најавена инвестиција, нема ниту една најава за друга странска инвестиција во земјоделието, ниту пак интерес за купување на земјоделско земјиште.

 

One thought on “Земјата никогаш не била поевтина. Дали е сега вистинското време за купување?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×