Земјите од Г-20 разговарале за единствена регулација на криптовалутите
Објавено на од во hi-tech & business

Неделава во Буенос Аирес се одржа средба на министрите за финансии од земјите од Г-20. Меѓу другото, министрите разговарале и за жешката тема во светот на финансиите – криптовалутите. На иницијатива на земји како Германија, Франција, САД и Јапонија, се зборувало за можноста за единствена регулатива што би го покривала подрачјето на криптовалутите.

Се размислувало како на централните банки и на владите да им се дадат алатки со кои би можеле да ги надгледуваат криптовалутите и нивното влијание на криминалот, на инвестициите и на светската економија во целина – за да можат да се избегнат ризиците и да се елиминираат илегалните активности. Но, не сите земји со одушевување ги прифаќаат овие предлози. На пример, Бразил бил против, и тамошниот претседател на централната банка рекол дека во оваа земја криптовалутите нема да се регулираат.

Како заклучок од состанокот, министрите од земјите Г-20 наредиле на својата финансиска работна група (Financial Action Task Force), сите упатства врзани за перење пари и финансирање тероризам отсега да се применуваат и за криптовалутите. Дополнително, до јули земјите членки ќе направат анализа за тоа кои податоци треба да ги соберат пред да донесат каква и да е одлука за создавање единствена регулатива.

Криптовалутите засега не претставуваат закана за глобалната финансиска стабилност, бидејќи нивната вкупна пазарна капитализација е на ниво помало од 1% од светскиот БДП, порача шефот на Банката на Англија, Марк Керни, кој претседава со Комисијата за финансиска стабилност на Г-20.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×