Земјите од Централна Европа остануваат без работници
Објавено на од во СВЕТ БИЗНИС И ФИНАНСИИ

Brooklyn Academy Of Music Hosts Career Fair For Job Seekers

Полска и другите земји од централна Европа едноставно остануваат без работници. Вината за тоа е во масовната емиграција, но и во нискиот фертилите. Сепак, политичката реторика во земјите од Централна и Источна Европа е против имиграцијата, посебно од Блискиот Исток, Африка и Исламските земји. Економистите предупредуваат дека ако на оваа демографска криза не се одговори со конкретни мерки, таа може да стави крај на приказните за економскиот успех на источноевропските земји.

 

Планот на полските власти да плаќа по 114 евра по дете на секоја фамилија со две или повеќе деца наиде на критики на економистите и пофалби од родителите. Оваа мерка влијаеше и на ланецот маркети Biedronka. Откако почна исплатата, продажбата во вториот квартал порасна за 10%. Но, во исто време се зголемија барањата за покачување на плата, откако работниците со три или повеќе деца почнаа да ги разгледуваат придобивките да бидат вработени. Дилемата е зошто да работиш за нешто малку повеќе пари, кога со помошта од државата можеш да си седиш по цел ден дома со своите деца?

“Сигурно е дека оваа мерка ќе предизвика притисок врз трошоците на работна сила”, вели Ана Луиса Вирџинија, раководител во маркетот Biedronka, во сопственост на португалска компанија. “Во исто време во Полска има недостаток на работна сила. Тоа создава веќе голем притисок врз платите”, вели таа.

Ова е само еден од неочекуваните ефекти на шемата за детски додаток вредна над 5 милијарди евра.
Полска, шестата по големина економија во Европската унија превзема драстични чекори во обид да ја спречи демографската катастрофа.
Полските социјални надоместоци сега се подарежливи дури и од оние во Норвешка заради стравовите од демографска криза, која и се заканува на централна Европа.

Ако на оваа криза не се одговори со конкретни мерки, таа ќе стави крај на приказната за економскиот успех на Полска, драматично исто како што пред повеќе од две децении почна.

UNEMPLOYED 887  01

Едноставно кажано, Централна и Источна Европа остануваат без работници.

Делумната вина за тоа е кај масовната емиграција, односно одливот на милиони работници во Западна Европа, откако Полска во 2004 година стана членка на Европската Унија.
Ако на ова се надоврзе и фактот дека Полска има една од најниските стапки на фертилитет, бидејќи средната класа има помалку деца за да може да им обезбеди нормален и квалитетен живот и иднина.

Овие фактори, заедно со подолгиот животен век и високите медицински и пензиски трошоци, се причина заради која властите од овие земји сакаат да ги поттикнат луѓето да имаат повеќе деца и да останат дома.
Според податоците на Европската комисија, близу 70% од населението на Словачка, Полска, Унгарија и Чешка Република се на работоспособна возраст, што е над просекот на ЕУ.

Но, до 2060 година, бројот на работниците драматично ќе се намали, на 56% од вкупната популација во Унгарија и Чешка Република, на 54% во Полска и 53% во Словачка. Овие трендови ќе создадатголем притисок на даночните обврзници во земјите, кои ги финансираат пензионерите и децата.

Полските власти одлучија да потрошат поголема сума на пари на овој проблем преку програмата “500+”.

Оваа година државата ќе плати повеќе од 3 милијарди евра на семејствата кои досега се пријавија во оваа шема. Власта за оваа намена обезбеди над 5 милијарди за 2017 година. Во август годинава премиерот на Полска ги бранеше три годишните буџетски проекции, според кои дефицитот на земјата ќе се зголеми над дозволените 3% од БДП и според кои најважни цели на власта се поврзани со про-фамилијарни и про-социјални политики.
Но, дури и Матеуш Моравиецки, полскиот министер за економски развој и финансии ја опиша програмата како “груба мерка”.

Во меѓувреме, Светската банка погнозира дека предложената шема нема да ја елиминира екстремната сиромаштија и нееднаквост. Тие се загрижени дека за надоместоци и за нивната можна штета врз активноста на работната сила, што може да резултира со долгорошна сиромаштија и ризик од нееднаквост.

Истражувањата покажуваат дека побарувачката за краткорочни заеми која е
традиционално висока околу летните одмори и почетокот на школската година е намалена и дека само 1% од семејствата земале готовински заеми, што е помалку за 5% во споредба со бројот на семејства кои побарале вакви кредити минатата година.

Но, се уште не може да се процени дали оваа програма ќе ги поттикне луѓето да имаат повеќе деца.
Истовремено, економистите сметаат дека Полска, Словачка, Унгарија и другите соседни земји треба да ги отворат своите граници за обучени мигранти кои можат да ја повлечат целата економија, на ист начин како што Велика Британија, Франција и Германија ја зголемија својата работна сила и економскиот раст дозволувајќи им на граѓаните од источноевропските земји да дојдат и да работат кај нив.
Сепак, политичката реторика во земјите од Централна и Источна Европа е против имиграцијата, посебно од Блискиот Исток, Африка и Исламските земји.
Наместо овие, како потенцијален извор на работна сила се гледаат земјите од поранешните Советски републики, како Украина, Модлова, Азербејџан и Белорусија.

Унгарија, на пример, ја предложи идејата да се зголеми имиграцијата од источно европските земји кои не се членки на ЕУ, но одлучно одби да прифати бегалци од блиско-источните земји.

Минатиот месец полскиот претседател Анджеј Дуда ги пофали повеќе од 1 милион економски игранти, кои во најголем дел доаѓаат од Исток, а кој сега живеат во Полска.
Се чини дека регионот уште некое време ќе продолжи само дома да ги бара решенијата за потенцијалните проблеми со работната сила.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×